Зошто денешните врски се толку кршливи ?

0

Сигурно барем еднаш сте се запрашале зошто вашата или нечија друга врска се распадна за толку брзо време… Во ера кога се е инстант, од кафето па до храната, и врските ни станаат инстант. Денешните врски брзо пукаат, се кршат како да се од стакло, не се отпорни на одредени фактори кои можат да ги уништат. Зошто? Веројатно, затоа што…

Не сме подготвени да направиме компромис, да се жртвуваме и да сакаме безусловно.

Не сакаме да чекаме, сакаме сè да имаме одеднаш. Не им дозволуваме на чувствата да растат.

Не сакаме да живееме во досада. Често ќе најдеме некој кој би се журкал со нас, би гледал филмови, би патувале заедно, но не и некој со кој ќе ги споделиме најголемите стравови и тага. Бараме авантури, но тие се со краток рок на траење.

Немаме простор за љубов, бидејќи сме презафатени во обидот за што поуспешна кариера или повеќе пари.

Очекуваме инстант резултати. Влегуваме во врска и сакаме таа веднаш да биде сериозна. Но, тоа не оди така. За тоа е потребно многу труд и време.

Ги запознаваме луѓето површно, ја гледаме нивната фасада, но не и нивната внатрешност. Започнуваме врски преку ноќ и ги завршуваме исто така преку ноќ како би нашле подобра варијанта. Не го даваме најдоброто од нас, но, бараме тој или таа да бидат совршени. Се состануваме со многу потенцијални партнери, но ретко даваме шанси.

Станавме зависни од технологија. Си кажуваме сè преку телефон, пораки, чет, гласовни пораки, па кога ќе сме очи в очи немаме што да си кажеме. По некое време, почнуваме да си здосадуваме еден на друг. Забораваме да комуницираме.

Помислата од „пуштање на корени“ на само едно место на светот, само покрај еден човек за наредните четриесет години, понекогаш плаши до смрт. Се плашиме од тоа остатокот од нашиот живот да го посветиме само на една личност.

Станавме премногу либерални во поглед на сексуалноста. Сексот одлучува дали ќе останеме со некого. Секс за една вечер и површни врски само за задоволување на нагоните станаа сосем нормална работа.

Да, врските се кршливи и поради тоа што се плашиме од нив, стравуваме од тоа да не ни биде скршено срцето, од запознавање и учење на нов карактер, се плашиме од приказната која допрва треба да ја раскажуваме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот