Зошто да го читате Гоце Смилевски

0

Младиот македонски писател Гоце Смилевски е роден во Скопје, 1975 год. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Во 2000 година  го објави неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ се откупени од издавачи од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка. Моментално е актуелен со книгата „Враќањето на зборовите“ која доби и превод на чешки јазик.

smilevski

Ако се прашувате зошто да го читате Смилевски, ние ќе ви дадеме неколку аргументи.

Тој е мајстор на прозата. Неговите реченици ќе ве натераат да размислувате, да се спознаете, да го откривате светот во и околу вас. Ниту една негова книга нема да ве остави рамнодушни. Ќе копнеете за реченица повеќе. Неговото пишување е толку моќно и зрело и ќе ви создаде нетрпение до почетокот на некоја друга негова книга.

Тој е најпреведуваниот автор од Македонија последниве неколку години. Неговите книги се читаат во САД, Чешка, Данска, Албанија, Турција, Бразил, Холандија, Белгија, Словенија, Италија и десетици други земји.

Во 2010 година ја добива престижната Награда за литература на Европската унија.

smilevski (2)

Неговата книга „Сестрата на Зигмунд Фројд“  е интернационална сензација како што кажува американската издавачка куќа Penguin и преведена во над 30 земји во светот, и поглед на тоа како еден македонски писател успева да напише роман кој ги допре срцата на многу различни народи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот