Зошто бираме помалку атрактивни партнери од нас?

0

Звучи површно, но научниците тврдат дека убавите луѓе намерно бираат помалку атрактивни партнери од нив бидејќи бараат помалку труд. Имено, оние кои се сметаат за поубави, уверени дека нивниот партнер треба да биде помалку убав за да не мораат премногу да се трудат за да го задржат. Сметаат дека нивниот изглед  доволен за врската.

Џошуа Олтман од Универзитетот во Кентаки, САД,пронашол 73 пара кои бил подготвени да учествуваат во неговото истражување. Меѓудругото, тој ги проучувал чекорите кои партнерите ги преземале за врската да биде стабилна. Некои го прилагодиле своето однесување, така што нивниот партнер нема да изгуби интерес за нив и да побара некој друг.

Олтман потоа ги замолил да го оценат физичкиот изгледна нивните партнери, а потоа го споредил со однесување и колку се труделе да го задржат.

Се покажало дека помалку атрактивните партнери повеќе се труделе околу нивната друга половина бидејќи се плашеле дека ќе ги изгубат, уверени биле дека тие многу едноставно ќе најдат замена.

Генералниот заклучок е дека луѓето кои се сметаат себеси за убави секогаш ќе бидат многу посуетни за разлика од другите. Ако станува збор за жените, тие во врска уживаат во вниманието кое им го даваат партнерите, додека мажите кои се сметаат за поубави, гордо го покажуваат тоа каде и да се појават со својата партнерка, кој се труди многу повеже околу ниви од секоја жена која ја сретнуваат чувствува страв и закана за губење на партнерот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот