Зошто белите, синооки мачки се глуви?

0

Синооките, чисто бели мачки имаат висока тенденција да бидат глуви.

Без разлика на тоа, тие изгледаат неодоливо и невозможно е да не се заљубиме во нив. Сепак, ова е информација која сопствениците треба да ја знаат за да ги одржат своите мачки безбедни и здрави.

Многумина од нив вдомиле едно од овие прекрасни миленичиња, незнаејќи за овој научен феномен и не можеле да ги разберат чудните реакции, како последица од недостатокот на нивниот слух.


Без разлика на овој ”недостаток”, мачките кои се целосно глуви од раѓање можат да бидат одлични домашни миленичиња, сè додека се превземат неколку мерки на претпазливост.

Зошто белите, синооки мачки имаат тенденција да бидат глуви?

Причината за глувоста е доминантниот “W” ген кој, кога се пренесува и секогаш произведува ”снежно” бело крзно, а понекогаш, дава делумна или потполна глувост.
Глувоста е поврзана со дефекти во “аудитивниот апарат” на внатрешното уво и може да влијае на едно или двете уши.

Сепак, не сите бели, синооки мачки се родени глуви, иако мнозината е според истражувањата спроведени од страна на Универзитетскиот колеџ Конел за ветеринарна медицина.

Истражувањата покажале дека 65 до 85 проценти од овој вид мачки се со оштетен слух. Тоа се сведува на 40% ако мачката има едно сино око и 17 до 22% ако мачката е чисто бела, но нема сини очи.

“Ако бела мачка има две сини очи, тоа е 3-5 пати поголема веројатност да биде глуво од останатите”- според icatcare.org.

icatcare.org

Како да проверите дали вашата мачка е глува?
БАЕР е едноставен, неинвазивен тест, кој може да се изврши за да се провери слухот на мачката.

Исто така, секогаш можете да се обидете со гласно свиркање или плескање со рацете, кога мачката не гледа во вашиот правец и да видите дали ќе има некаква реакција.
Доколку вашата мачка е глува, треба да внимавате секогаш да ве види пред да се доближите премногу блиску за да не ја исплашите.


Обидете се да ја држите подалеку од ситуации каде што нејзината безбедност зависи од способноста да слуша и не дозволувајте да излезе надвор, каде што може да биде повредена од закани кои не може да ги детектира (кучиња, автомобили…).

Најважно од се, подарете и многу љубов, грижа и внимание – бидејќи тоа е нешто што со сигурност ќе го ”слушне”.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот