Зоолошка градина Скопје со донација за Домот за деца без родители “11 октомври“

0

Зоолошка градина Скопје  донираше три телевизори на Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Директорката Соња Стамевска заедно со дел од штитениците на домот беа во посета на Зоолошката градина каде што директорот Ѓорѓи Галетановски им ги врачи телевизорите во форма на егзотични животни како донација.

На средбата беше договорена и понатамошна соработка помеѓу Зоолошка градина Скопје и Дом за деца без родители „11 октомври“, како и бесплатни едукативни тури и интерактивни работилници за сите дечиња од домот.

По средбата, децата ја имаа својата прва едукативна прошетка во Зоолошката со ветување дека повторно ќе дојдат на дружба.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот