Зошто кревањето на тегови е добро за нашето здравје?

0

Најчесто, жените го избегнуваат кревањето на тегови, бидејќи имаат став дека тоа е физичка активност наменета само за мажите и може да им наштети на нивниот физички изглед. Меѓутоа, жените кои креваат тегови имаат неколку придобивки за нивното здравје. Еве што ќе добиете доколку започнете да кревате тегови:

Ги намалувате масните наслаги на телото

Секоја физичка активност согорува одреден број на калории и наталожени масти, но кревањето на тегови е најефикасната активност за топење на масните наслаги. Последната американска студија покажа дека лицата кои креваат тегови согоруваат 40 отсто повеќе од наталожените масти за разлика од лицата кои не ги преферираат теговите.

Мускулите интензивно ги согоруваат калориите

Кога вежбате со тегови, мускулите трошат повеќе енергија од нашиот организам и со тоа согорувате поголем процент на калории.

Ги јакнете коските

Здравјето на коските со тек на време се влошува. Но, подигнувањето на тегови ќе ви помогне да го забавите процесот на стареење на коскеното ткиво.

Ќе имате поздраво срце

Кревањето на тегови има благотворно влијание врз крвниот притисок. Три тренизни неделно во кои ќе кревате тегови ќе го смалат ризикот од кардиоваскуларни болести за 15 проценти.

Вашето тело ќе биде витко

Кревањето на тегови помага во формирање на мускулна маса и се разбира доколку не претерате вашето тело ќе биде цврсто, затегнато и витко.

Ја подобрувате рамнотежата на телото

Австралиска студија покажала дека вежбањето со тегови ја подобрува рамнотежата на телото при движење и особено се препорачува кај повозрасните личности.

Ќе ви помогне полесно да се откажите од цигарите

Една норвеша студија утврдила дека пушачите кои креваат тегови можат да ги остават цигарите за 50 отсто побрзо и полсено за разлика од пушачите кои не вежбаат со тегови.

Помага во опоравувањето од рак

Насобрани течности во рацете често е нус-појава од рак на дојката и хемотерапиите. За да се реши овој проблем, експертите препорачуваат два пати неделно да се подигнуваат тегови со минимална тежина.

Ќе имате подобро расположение

Секој вид на физичка активност го крева нивото на серотонинот, хормон на среќата, но новите британски истражувања покажаа дека кревањето на тегови освен што не прави посреќни, ни помага и да го контролираме бесот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар