Знаете ли што му се случува на вашето тело ако не се наспиете?

0

Можеби мислите дека можете да функционирате со неколку часа спиење, но реалноста, а и научниците, тврдат поинаку. Според нив, неколкуте часа сон се недоволни за вашето тело и ум да се здрави.

Мозокот работи послабо

Недоволното спиење го намалува дотокот на крв во мозокот, а со тоа се забавува функцијата на размислување. Всушност, кога не сте наспани, не можете да размислувате и резонирате брзо.

Не можете да помните

Истражувањата покажале дека спиењето ги засилува врските помеѓу нервите кои го контролираат помнењето и помагаат во процесот во кој новата информација станува сеќавање. Па ако не сме одморени, едноставно, не се сеќаваме на некои работи.

Раздразливи сте

Лути, изморени, нервозни, анксиозни, исплашени… сето ова е резултат на недоволното спиење.

Возите лошо

Не само што недоволното спиење го загрозува вашето здравје, туку може да влијае и на животот на другите луѓе. Според истражувањата, ненаспаноста ве прави невнимателни и ја нарушува можноста за квалитетно извршување комплексни функции, меѓу кои е и возењето. Нашите реакции се забавени, а со тоа и можноста за лоша и бавна реакција при возењето.

Се дебелеете

Бидејќи сте будни – посегнувате по храна. А недоволно одмореното тело нема доволно енергија да ја вари брзо храната, па вие се дебелеете.

Затоа, обидете се да спиете барем по седум часа ноќе – време препорачано за сите возрасни лица. Тоа ќе ви ја подобри работата на организмот, а вас ќе ве направи порасположени.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.