Знаете ли што значи „правилото 100%”?

0

Сигурно имате некоја пријателка кој престанала да јаде шеќер и строго се држи тоа правило. Кога излегувате на вечера, вие речиси секогаш нарачувате десерт, а таа никогаш не пробува. Сигурно ѝ е тешко да одбие вкусен залак, секогаш кога ќе ѝ биде понуден, така? Погрешно!

Погледнете го тоа на овој начин: Многу е полесно да го губиме нашето време, пари, енергија со тоа што не се посветуваме целосно на нешто кое ни е навистина важно. Наместо тоа, ние пишуваме за неважни работи кои ни го одвлекуваат вниманието. Трошиме многу пари на купување облека додека се обидуваме да ги намалиме трошоците. Сето ова исцрпува. Ја консумира целата енергија без притоа да има продуктивини резултати. Стресно е! Нè тера да се чувствуваме како губитници, а не сме – туку само сме целосно посветени на нешто друго.

Да дадеш 99% од себе за работи кои значат, значи постојано да се јавува недостиг од потенцијал, што нè тера да се чувствуваме лошо.

Што значи правилото 100%?

99% е тешко, 100% е лесно. Или во стилот на Џек Кенфилд, најдобро продаваниот автор на „The Success Principles“ – 99% е кучка. 100% е леснотија.

Дали е тешко да се посветиш целосно на нешто што го сакаш? Веројатно на почетокот е многу тешко. Но, доколку знаеш што сакаш и се посветиш на конкретен избор, во тој случај станува полесно. Ако личност која е веган избере што ќе јаде и кога купува го бира само тој вид на овошје, во тој случај го изолира останатиот избор. Ако писател пишува секој ден, не само кога чувствува инспирација, успехот ќе следи. Ако имате чувство дека некоја работа ве оптоварува подолго време и се одолговлекува, во тој случај давате 99% од себе. Има начин како да стигнете до 100-ката за да се реши проблемот.

Конкретизирајте за што сакате да дадете 100% од себе

Што е тоа што ве интересира, фокусирајте се. Не треба да се расплинувате на 10 места и да заборавите на забавната страна во животот. Најдете го вашето задоволство. Лошите навики тргнете ги на страна, не секоја работа бара апсолутна посвета.

Потрудете се

Да речеме дека сте писател. Во тој случај, пишувајте по еден час, секој ден 7 дена во неделата. Избришете ги вашите онлајн сметки, средете го приватниот живот еднаш засекогаш. Сте заглавиле на некој дел, тоа значи дека сте завршиле 99% од работата. Време е за останатите 10% кои ќе ги постигнете многу лесно.

Постојано повторувајте

Повторувајте си ја целта во себе за да ја гледате постојано јасно. Зошто некои луѓе успеваат, некои не? Затоа што се посветиле комплетно!

За сè во животот мора да се посветите во целост, ако сакате да успеете – тоа е клучот. Без страв, без паника и без губење на приоритети, дајте 100% од себе и наградата ќе дојде сама по себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.