Знаете ли колку заработуваат возачите на Формула 1?

0

Еден од најскапите спортови во светот, „циркусот на четири тркала“, како што го нарекуваат, одвојува најмногу буџет за платите на своите возачи. Овие суми не се кријат, напротив, за платите и трансферите секогаш се знае скоро сè.

Пред почетокот на новата сезона, Motorsport Total ги објави податоците за тоа колку ќе заработат Ф1 возачите, и тоа само како плата. За договорите за реклами и заработката од спонзорства, не се зборува.

Најплатени Ф1 пилоти и во 2017 година ќе бидат Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.

Хамилтон и Алонсо ќе заработат по 18,7 милиони евра за своите договорите со Мерцедес и Мекларен. Хамилтон има договор до крајот на 2018 година, а оној на Алонсо ќе заврши на крајот на оваа сезона. Трет на листата е Фетел чиј договор е на 14,1 милиони евра, но по крајот на оваа сезона неговиот договор со Ферари ќе заврши.

Даниел Рикардо за сезоната 2017 ќе добие 11,3 милиони евра. Исто толку ќе заработи и за следната сезона, кога истекува неговиот договор.

По него на листата се наоѓа новиот пилот на Рено, Нико Хулкенберг. Неговата плата за оваа сезона ќе биде 9,4 милиони евра.

По него, за сума од 6,6 милиони евра ќе се натпреваруваат Макс Верстапен и Ромен Грожан.

Кими Раиконен ќе заработи 5,6 милиони евра, колку што ќе добие и новиот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Фелипе Маса ќе се врати во Вилијамс за 4,7 милиони евра, колку што ќе добие и Серхио Перез од Форс Индија.

Следен е Стофел Вандоорн кој ќе вози за Мекларен за 2,8 милиони евра. Помалку плата од него ќе земе новиот возач на Хаас, Кевин Магнусен.

Сепак, постојат неколку возачи кои ќе возат за околу 1 милион евра – Даниил Квјат од Торо Росо ќе вози за 940 илјади евра, а неговиот клубски колега Карлос Сајнц ќе заработи 1,4 милиони евра. Џолин Палмер од Рено ќе добие 940.000 евра, Паскал Верлајн останува во Заубер за 470.000 евра, а Ленс Строу како дебоитант во Вилијамс ќе заработи 350.000 евра.

Се чини не е лошо да си возач на Ф1, дури и оној најслабо платениот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот