Знаете ли која е разликата помеѓу Олимпијада и Олимписки игри?

0

Олимпијада и Олимписки игри немаат исто значење.
Честопати кај спортските новинари може да се слушне како Олимписките игри кои се одржуваат секоја 4-та година, ги викаат Олимпијада.
Иако многу луѓе Олимпијадата и Олимписките игри ги сметаат за синоними, тие на некој начин се спротивни – антоними.

Олимпијада е 4 годишен период помеѓу две Олимписки игри. Олимпијадата од страна на античките Грци се сметала како календарска епоха од 4 години која ја користеле за мерење на времето, а крајот на една игра значело почеток на нова Олимпијада која траела до почетокот на наредната игра.

Вистинските причини за создавање на Олимиските игри се изгубени со векови наназад, но постојат многу легенди и преданија за нив.
Една легенда говори дека игрите се создадени од богот Зевс како прослава на својата победа во борба за власт над својот татко Крон. Друга легенда вели дека Херакле извојувал победа во една трка на Олимпија, па одлучил за спомен секоја 4-та година да се одржуваат такви натпреварувања.

JJD10614-1120x595__1471091039_77.28.148.189

Покрај Олимписките игри, на Олимпија се одржувале и натпревари под друго име, но поради сплет на околности и политички надвладувања, Олимписките игри се стекнале со најголема популарност.
Сите овие приказни за античките игри се во врска и со античкиот поим „Олимписко примирје“ бидејќи за време на овие игри сите немири и меѓусебни непријателски односи биле во мирување – се разбира само за време траење на игрите.

Првиот веродостоен запис за одржување на игрите на Олимпија датира од 776-та г.п.н. иако не е со сигурност потврдено дека тоа се првите игри одржани во античка Грција. Според тоа, за прва Олимпијада се смета периодот на летото помеѓу 776 и 772 год. п.н.е.

Меѓународниот олимписки комитет како прва, ја смета Олимпијадата од модерните Олимписки игри одржани во 1896-та година, а оттогаш Олимпијада се смета од 1 јануари – годината кога почнале да се одржуваат игрите, па до 31 декември, 4-та година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар