Знаете ли кои се најскапите намирници?

0

Дали некогаш сте помислиле дека за некои видови на намирници треба да одвоите илјадници долари за да ги имате во вашата кујна? Пред сѐ, поради тоа што се многу ретки и хранливи намирници, а некои од нив се подготвуваат на уникатен начин и многу специфичен начин. Па, да погледнеме кои се најскапите намирници на светот.

Aceto Balsamico Tradizionale
Овој балсамико оцет се добива од ширата од белото грозје Trebbiano, која се чува во буриња покриени со крпа за да може водата која ја има во ширата да испари и да се оформи тврд, темен и сладок сируп. Доколку мислевте дека виното е скапо, дали знаевте дека за најдобриот балсамико потребно е да се плати 200 долари за 100 милилитри.
оцетSaffron
Шафранот е зачин кој се добива од цвеќе кое може да се најде на Медитеранот и Блискиот исток. Интернационалната Организација за Стандардизација (ISO), која го рангира плодот на скала од 0 до 250, по својата боја, мирис и вкус,шафранот го става на 190 место иако цената на шафранот изнесува 15 долари за еден грам.
шафранWhite Truffles
Ексклузивен бел тартуф кој се наоѓа во шумите на северна Италија, најчесто од септември до декември, со неговиот впечатлив слатко – солен вкус, може да се најде како круна на оброци кои вклучуваат јајца, путер, сирење или свежо подготвени тестенини. Цената на оваа состојка со италијанско потекло е 7 до 11 долари за еден грам, или од 3 до 5 илјади долари за 0.5 килограми.
4a62642d-a311-41ae-844f-e1d54af25840
Kopi Luwak
Копи Лувак е кафе кое поминало низ дигестивниот систем на животното цибет. Овие животни доминантно се населени во пределите на Азија и Африка и го јадат плодот каде е сместено кафето како, дел од нивниот секојдневен оброк. Зрната кафе се преработуваат и се ферментираат од нивните стомачни киселини и ензими, а, резултатот е, кафе со помалку горчлив вкус и цена од 500 долари за половина килограми.
копи лувак
Jamón Ibérico de Bellota
Сушената нога од свињата позната како Pata Negra која што живее во шумите на западна Шпанија е навистина скапа работа. Овие свињи се хранат со диви печурки, билки и трева. Месото кое се добива е богато со вкусови, а во себе содржи низок степен на заситени масти. За да набавите сушена свинска нога од 6 килограми потребно е да одвоите 1300 долари.
пршута

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.