Знаете ли како настанало пивото?

0

Иако пивото е првиот алкохолен пијалок што светот го има пробано, сепак не се знае историјата за како тоа настало и кој е првиот човек што го вкусил…

Историчарите тврдат дека првиот производ што луѓето го направиле од житарици и вода, пред да научат да месат леб, е пивото.
ancient-beer-for-healthОмилени рецепти
Скоро секоја цивилизација има своја верзија на пиво коритејќи различни сорти на житарици. Во Африка се коритело просо, пченка и манионка. Кинезите користеле пченица, а Јапонците ориз. Древните Еѓипќани го корисистеле јачменот. Сепак, хмељ кој е главна состојка во модерната индустријата за пиво, не се користи се до 1000 година на новата ера.
Пивска традиција
Пред околку 4.000 години во Вавилон било традиција 1 месец по венчавката таткото на невестата да го дарува зетот со пиво или мед и тоа со неограничена колична, колку повеќе може да испие или изеде. Тие времето го сметале по лунарниот календар, а месесот по венчавката го нарекле „меден месец“ и токму затоа зетот требало да биде даруван со убави „слатки“ подароци. Во овој случај за „сладок“ и вреден подарок се сметало и пивото како и медот, а „медениот месец“ за младоженците важи се до денес.

20120207-BeerMakingВо стариот Рим се сметало дека пивото го пијат само варварите, а старите Римјани преферирале пијалок што ја изнесува целата вистина на виделина- виното. Сумерите и Еѓипќаните не биле со толку заостанато мислење па постојано пиеле пиво иако во тоа време сеуште не користеле хмељ како главна состојка за пивото. Постојат различни мислења за тоа која била главната состојка на пивото во древниот Египет, пченица или јачмен. Исто така, се тврди Египќаните прво правеле леб и го користеле за производство на пиво. Лебот бил потопен и го оставале да ферментира, додека други веруваат дека нема потреба за таков сложен процес, бидејќи пченицата и јачменот многу добро може да се користат за работа. Имено Египќаните се запомнети во историјата како пионири во производството на пиво, а најстариот запис за пивото потекнува од дрвената цивилизација на Сумерите во регион кои се сметал за прво најплодно и најпогдно место за одгледување на житарки.

 Историја на пивото
Процесот на производство на пивото со текот на време, со растењето и напредувањето на цивилизацијата станува се посложен и пораспространет.
Пивото се проширило и во европските земји благодарејќи на германските келтски племиња, а генерало било правено во домашни услови како домашен пијалок. Производот што се користел во Европа под име „пиво“ можеби денеска не би се викал така со оглед на тоа што како освна состојка користеле овошје, мед и разни билки и зачини вклучувајчи и дополнителни супстанци, покрај житариците. Единствено нешто што не користеле било хемељ. Дури во 1516 година Вилијам 6-ти, војвода од Баварија како главни и единствени состојки за правење на пивото ги посочил хмељ и јачмен.
Се до индустриската револуција луѓето пивото го правеле дома, но исто така го правеле па дури и продавале некои европски манастири.
first-six-beer-consumers
Со развојот на индустријата се менува и процесот на правење на пивото и добива сосема друг облик. Денеска производствиото на пиво претставува одлика на култура и нација, а покрај тоа и вистински бизнис во глобалната индустрија.
Според бројката на произведувачите, годишно се продава преку 133 милијарди, литри на пиво што некогаш било незамисливо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар