Знаете ли дека стресот влијае на кожата?

0

Стресот не влијае добро на нашето здравје, а ако сте под хроничен стрес наскоро може да очекувате и негативни последици на вашата кожа. Стресот доведува до изиритирана кожа која чеша затоа што заштитниот слој на кожата слабее и се зголемуваат шансите за воспаленија. Притоа се создаваат повеќе акни. Телото лачи повеќе маснотии, а токму тоа доведува до настанување на акните.

Опасност од рак на кожата е уште една нус појава од стресот. Според истражувањата, ракот на кожата се појавува кај личности кои биле под стрес или имале трауми во животот.

Дерматитисот се појавува кај оние кои се под стрес, а често се појавуваат воспаленија и други проблеми со кожата.

И конечно, сушење на кожата – кај некои луѓе се зголемува лачењето на маснотиите, а кај други лојните жлезди лачат помалку кога се под стрес.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот