„Знаеш ли што е најубаво во животот? Желбата, пријателе.“

0

Мехмед Меша Селимовиќ (1910 – 1982) е еден од најпознатите југословенски писатели на дваесеттиот век. Роден е во Тузла, но поголемиот дел од животот го поминал во Сараево и Белград.

Негови најзначајни дела се романите: „Дервишот и смртта“, „Тишина“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирките раскази „Првата чета“ и „Туѓа земја“.

Во своите маестрални дела, Селимовиќ раскажува за животот, љубовта, спомените, карактерот на луѓето, сите оние емоции и постапки кои не можат да се скријат од очите на другите.

mesa_selimovic_citati

Кои се најпознатите и најубави реченици кои ги напишал Селимовиќ?

„Ако би ја отплаќале сечија несреќа, што би се случило со нас?“

„Знаеш ли што е најубаво во животот? Желбата, пријателе.“

„Осаменоста и тишината се првиот и најважен предуслов за создавање.“

„Сонот е она што го сакаме, а животот е будење.“

„… тајната подолго се памети од јасната вистина.“

„Најмалку зборуваш кога нешто најмногу се однесува на тебе.“

„Смешното и страшното можат да бидат роднини.“

„Човекот е непоправлив, и најчесто се лаже себеси.“

„Каква и одлука да донесеш, мораш сам да ја спроведеш.“

„Човечката надеж е посилна од искуството, но може да го поколеба туѓиот неуспех.“

„Секогаш е сомнително кога некој мисли за себе дека е умен.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот