Знаци кои покажуваат дека внесувате премногу шеќер

0

На сите нам добро ни е познато колку храната која е богата со шеќери може да биде штетна за нашето здравје и да предизвика различни болести, како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, потешкотии во работата на надбубрежната жлезда…

Понекогаш, несвесно и неконтролирано внесуваме многу повеќе шеќери отколку што навистина му требаат на нашиот организам. Како да препознаете дека внесувате големи количини на шеќер?

Умор и недостаток на енергија

Константниот умор е најчестиот сигнал дека вашето тело се заситило од слатки нешта. Иако храната која содржи високо ниво на шеќер дава моментална енергија, на долг рок, огромните количини на шеќер кои ги внесувате можат единствено да ве направат уморни.

Желба за уште слатки

Ако неколку пати во текот на денот имате силна желба за нешто слатко, можеби сте развиле зависност за слатки работи. Колку повеќе консумирате слатко, толку поголема желба за слатко ќе пројавува вашиот организам.

Чести настинки и грип

Ако во последно време се разболувате често, тоа може да биде предизвикано од пречесто консумирање на слатки работи. Имено, при внесување на многу шеќери, вирусите стануваат посилни, а имуниот систем не успева да се избори.

Анксиозност и депресија

Шеќерот негативно влиаје врз менталното здравје. Иако мислите дека ред чоколадо ќе ја смири нервозата, всушност тоа ќе ве направи уште понервозни.

Проблеми со кожата

Доколку страдате од егземи, сува кожа, акни и митисери, тогаш дефинитивно треба да ја намалите количината на слатка храна која ја внесувате во вашиот организам.

Прекумерена телесна тежина

Човековото тело е способно да преработи одредена количина на шеќер. Но, штом се надмине таа количина телото нема капацитет да ја преработи и таа се претвора во масни наслаги.

Покачен крвен притисок

Овој проблем може да се јави и доколку внесувате премногу сол во организмот, но секојдневното внесување на слатки работи може да доведе до хипертензија.

Дијабетис

Шеќерот е директно поврзан со зголемувањето на ризиокот од појава на дијабетис тип 2. Дури и кај личностите на кои не им е дијагностицирана оваа болест, а кои внесуваат огромна количина на шеќер, се наоѓаат во т.н. преддијабетска состојба.

Проблеми со срцето

Исхраната богата со шеќери остава значајни последици на срцевиот мускул. Студија спроведена на Case Reserve Western University потврдила дека исхраната богата со бел шеќер значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за разлика од исхраната богата со природни шеќери кои ги има во овошјето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар