Знаци кои покажуваат дека вашиот колега ве мрази

0

Потојат колеги кои отворено ќе ви дадат до знаење дека не им се допаѓате, но полоши се оние кои може да го глумат спротивното.

„Повеќето луѓе на работното место нема да ви покажат дека всушност не ве поднесуваат, но тоа го прават бидејќи не би сакале да предизвикаат непријатна ситуација или пак да ја загрозат својата кариера“, вели авторката Лин Тејлор во својата книга- „Tame Your Тerrible Office Тyrant: How To Manage Childish Boss Behavior and Thrive in Your Job“.

Понекогаш овие ситуации на работното место може да се опасни и да ја отежнуваат вашата работа. Секако, коj би сакал некој постојано да му „дишe во врат“.
Покрај тоа, имајте на ум дека личностите кои се добро прифатени во работната средина, одлично напредуваат и со сите се пријателски настроени, секогаш мора да имаат и некој љубоморен непријател. Сепак, не може на сите да им се допаѓате.

Но, во еден објавен текст на „Business Insider“, потребно е да внимавате на следниве 19 знаци кои укажуваат дека вашиот колега можеби и не ве сака нешто најмногу…

1. Чувствувате дека не му се допаѓате;
2. Не се насмевнува кога сте во негова близина;
3. Не ве гледа во очи;
4. Ве одбегнува;
5. Ви зборува зад грб;
6. Се однесува како да не постоите;
7. Ви одговара кратко;
8. Кога е покрај вас, има негативен говор на телото;
9. Никогаш не ве повикува на кафе- дружба;
10. Најчесто со вас контактира преку е маил иако седите во близина;
11. Најчесто има спротивно мислење од вашето;
12. Никогаш не се шегува со вас како со другите колеги;
13. Никогаш не ве прашува за вашиот приватен живот;
14. Себеси се смета одговорен за вашите идеи;
15. Смета дека има моќ над вас, иако реално нема;
16. Прави групни дружби, а вас не ве поканува;
17. Не ви верува;
18. Секогаш се брани во ваша близина;
19. Вие и вашата работа никогаш не сте приоритет;

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.