Знаци кои покажуваат дека ја губите нејзината љубов

0

Да се разбере женскиот ум и начин на функционирање не е никогаш лесна работа.

Кога жените креваат раце од врската, а не знаат (или не сакаат) да го покажат тоа вербално, секогаш постојат знаци кои може да ги издадат.

Погледнете ги следните предупредувачки знаци кои покажуваат дека таа не е повеќе вљубена во вас:

Комуникацијата е највитален клуч за опстанокот на секоја врска. Кога комуникацијата ја снемува, нема надеж за враќање на врската во живот. Парот кој комуницира квалитетно за нештата што ги мачат или среќните моменти во секојдневието, поголема е веројатноста дека ќе успеат – за разлика од оние кои градат ѕид измеѓу.

Жените природно сакаат да разговараат и обично ја преземаат одговорноста да ги водат малите разговори. Тие имаат десетици работи на ум и не можат да дочекаат да ги споделат со некој до најситни детали.

Ако забележите дека разговорите се поретки, речиси непостоечки и дека сте единствениот кој размислува за теми на разговор, тогаш дефинитивно има нешто посериозно од “премногу сум уморна за разговор” .

Дали одеднаш почна да се однесува таинствено?
Дали се нервира и косо ве погледнува кога се однесувате нормално, како секогаш? Дали често се oднесува напнато во ваше присуство и не може да ви објасни зошто?

Жените се многу експресивни за тоа како се чувствуваат и ако се што кажете или направите почне да ја иритира, нема да може да го сокрие тоа. Ова однесување покажува многу и не смее да се игнорира.

 

 

Ако таа повеќе не се лути за работи, за кои претходно се лутела – тогаш тоа не е добар знак. Не претпоставувајте дека одеднаш научила да ги прифати сите работи што не и се допаѓале. Тоа може да е знак дека таа не е повеќе мотивирана и нема енергија за емоционално да вложи во врската.
Иако секој за себе е индивидуална личност, жените по природа сакаат да споделуваат и да се грижат за партнерот. Едноставно, тоа е начин на кој функционираат кога чувствуваат љубов кој некој. Доколку забележите дека таа својот фокус го пренасочува само кон себе, тогаш е време да превземете нешто.

Навикнати сте таа секогаш да ви се доверува и отворено да ги покажува своите  стравови, желби и нешта што ја растажуваат? Ако сето тоа неодамна престанало, веројатно постои проблем за кој таа можеби е свесна, но можеби и не е – па затоа разговарајте додека не е премногу доцна.

Еден од најалармантните показатели, кои исто така се и најлесно воочливи е недостатокот на интимност во спалната соба. Покрај сексуалниот однос, тука спаѓаат и нежностите, допирите и малите, секојдневни бакнежи.

Најважно од се, забележете ја нејзината насмевка. Дали е таа присутна на нејзиното лице кога се наоѓате покрај неа? Тоа би требало да ви каже се, што таа не се осмелила…

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот