Знаци кои покажуваат дека еден маж е заљубен

0

Вистински заљубениот маж е секогаш лесно да го препознаете….ако сте машко. Но бидејќи мажите и жените ги изразуваат нивните чувства различно, за припадничките на понежниот пол е потешко да го препознаат и да го “декодираат“ машкото однесување кога е заљубен.
Секое машко го демонстрира ова на свој начин, но постојат неколку карактеристики кои им се заеднички на сите мажи кои се заљубени. Ова се само некои од нив.

Покажува внимание
Заљубениот маж има очи само за својата љубена. Независно од друштвото во кое се наоѓа или опкружувањето, тој секогаш ќе ја гледа само неа и ќе говори само со неа игнорирајќи ги сите останати. А вистински доказ дека е вљубен, е кога ќе прифати да ја придружува својата љубена на шопинг и покрај тоа што на телевизија во тој момент се игра финалето од лигата на шампиони во фудбал.

Приоритет му е времето поминато со својата девојка
Ништо не му е поважно на мажот кој е заљубен од тоа да помине време со својата девојка. Секако, тој има обврски према работното место, пријателите (кои веќе му имаат дадено прекар “папучар“), или времето кое го посветувал на своите хобија. Но ниту платата на крајот на месецот, ниту дружбата со пријателите во омилената кафеана, ниту терминот во кој игра фудбал секој ден, повеќе не е интересен и важен за него. Секоја минута, секоја секунда има само една мисла-како да помине повеќе време со својата сакана.

mazi 2

Се обидува да имресионира
Ова е една од карактеристиките која можеби и најмногу доаѓа до израз кога еден маж е заљубен. Не постои дама на светот која не била сведок на вакво нешто. Па така, немојте да бидете изненадени ако видите како некое младо маже кое не згазило на мравка во својот живот, одеднаш пробува да се пресмета со локалниот тетовиран, ќељав, носи дебел златен ланец (најчесто крст)-силеџија, кој ја навредил неговата сакана. Фактот што е 20 центиметри понизок и 50 килограми полесен од својот противник нема да го спречи да ја одбрани честа на својата сакана, или бар да проба. Реалноста е дека во таква ситуација воопшто не ни помислува на модринките, ниту на фактот дека ќе јаде низ сламка во наредните месец дена, се додека е неговата сакана поред него. А секако, негувањето од својата сакана отпосле е секогаш добредојдено.

mazi 3

Се обидува да ја насмее
Една од работите која очајно ќе пробува да ја придобие, е вниманието на девојката.
Кога е мажот вистински заљубен, не е важно колку има години. Сите мажи од 7 до 77 години во таква ситуација се исти. Односно сите се однесуваат како да имаат 13 години. Па така, шеги (кои најчесто не се смешни) се редовни на менито. Играње брејк-денс во јавност, детски прекари, се е тоа само со една цел-да се изнуди барем една насмевка од својата сакана. Ако е мисијата успешна, тогаш не е страшно ни тоа што го виделе пола фамилија, пријатели и колеги од работа како пробува да биде “дворски шут“. Не е толку страшно ни тоа што утре дента ќе осамнат инкриминирачки фотографии од него на “Фејсбук“. Една насмевка и се друго е неважно.

Дели комплименти
Дами, ако некое машко примети дека сте ја скратиле косата 2,3 милиметри и ви даде комплимент дека му се допаѓа вашата нова фризура, чувајте го. Тој секогаш ќе најде начин да ви даде комплимент, па иако сте ги облекле истите чевли по стоти пат, тој сто пати ќе ви каже дека ви се прекрасни. Но внимание! Дури и заљубениот маж е способен да примети дека сте качиле некој килограм повеќе. Но се разбира, дури и да се поправите 20 килограми тој ќе ве праша да не сте ослабеле. Или наутро кога ќе се разбудите, иако ви е косата хаос, шминката од синоќа размачкана а на старите пижами имате дамки од кафе, тој се разбира дека ќе ви каже дека сте најубава наутро и природна. Обидувајќи се да ви ласка, тој ќе провлече и понекоја таква мала, ситна но добронамерна лага.

mazi 4

Наоѓа начин да биде дарежлив
Дури и најскржавиот маж, се претвора во машка верзија на “мајка тереза“ кога е заљубен. Дава пари на бездомници, чести секогаш кога сте заедно и купува подароци. Голем број мажи кога би го правеле ова и кога не се заљубени, веројатно е дека ќе доживеат тешки душевни болки и трауми. Но заљубениот маж дури и да нема доволно средства, се снаоѓа. Па така голем дел од белата техника која ја има дома ја продава по “дампинг“ цена, стар компјутер, накит па дури и мебелот е спремен да го продаде само за да има доволно средства да ја изведе својата драга на вечера во некој скап ресторан или да и купи некаков подарок. Нема да му смета ни тоа што дома ќе треба да седи на земја, а телевизија нема да може да гледа бидејќи телевизорот го продал на Стево комшијата. Се тоа е неважно.

Сето ова и многу повеќе, се спремни мажите поради љубов да го направат. Можеби ќе згрешат некаде по патот, можеби не. Но се е дозволено во љубов и војна, зарем не?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот