Знаци дека сте во врска со вистински џентлмен

0

Вистина е дека ги има се помалку, но вистина е и дека понекогаш не ги препознаваме во она што го прават за нас, па веднаш го земаме здраво за готово. Каде исчезнаа? Кој ги сокри? Зошто речиси и да ги нема?

Ова се прашањата што најчесто ги слушаме од жените кои бараат џентлмени.

Можеби токму вашиот партнер е џентлмен, но вие тоа едноставно не го гледате. Ова се знаците дека сте во врска со вистински џемнтлмен:

Ја отвора вратата пред вас

Пред влезот во ресторан, на излезот, кога влегувате со автомобил… мал гест кој многу значи.

Ве бара

Секако дека може да напише и порака, но вистинскиот џентлмен ќе ја побара жената со која сака да разговара.

Ве испраќа до дома

Иако нема намера да влезе, ако ве донел до дома и испадне од автомобилот само за да ве допрати, тој навистина се труди.

Секој ден го има за да ви каже добро утро

За ова не мора да се јави, доволно е само да ве извести и преку смс, вибер фејсбук… Вистинскиот секогаш сака да сподели поздрав за добро утро колку и да сте оддалечени физички.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот