Животната одисеја на принцезата Татиана од Грција

0

Принцезата Татиана од Грција и Данска е родена на 28 август 1980 година во Каракас, Венецуела. Таа е сопруга на принцот Николас, син на кралот Константин II од Грција и кралицата Ана –Марија од Грција кои беа на власт додека траеше монаргхијата.

Принцезата Татиана, иако е родена во Венецуела, таа е одгледана во Швајцарија, а има благородничко потекло од нејзината баба, грофицата Елинка вон Аинсидер.

827b73504c23ad7e0a4c800017b1-528x660

Таа го има шармот на класична принцеза, има прекрасна појава, со впечатлива коса и очи и лик кој се памети.

Образованието го почнала во интернат во Швајцарија, а го завршила на Унивезритето во Џорџтаун, со диплома по социологија.

Пред да стане дел од кралското семејство, нејзина професија била организатор на настани и консултант за односи со јавност на Diane von Furstenberg, живеејќи во лондонски Челзи.

14172072_10210965674965695_134825724_n

Со принцот Николас веридбата ја објавиле на 28 декември 2009 година во Лондон. Во август, 2010 година парот се венчал  во Грција, на островот Спецес. Целото кралско семејство од Данска, со исклучок на принцот Фредерик, допатувало во Грција за да присуствува на свадбата.

Tatiana+Blatnik+Wedding+Prince+Nikolaos+Miss+38fYyQ8qHGfl greek-wedding-ceremony-1-z

Настан кој бил во интерес на грчката, но и светската јавност, имајќи го предвид историското минато на кралското семејство кога кралот Константин со семејството, во 1967 година ја напушта Грција после неуспешниот обид да се врати на власт. Шест години подоцна, 70% од Грците се изјасниле дека се сакаат прекин на монархијата. Интересно е тоа што грчкиот крал нема пасош, но ја посетува Грција повремено за поголеми настани од јавен карактер.

14182297_10210965675085698_539680748_n 6a00d8345371b369e20133f2c28ebb970b-500wi

14194282_10210965675245702_176842721_n 14152032_10210965675325704_1697667436_o

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.