Животот е авантура, живеј го со Jeep

0

Jeep се роди пред седумдесет и пет години за потребите на американската војска кога беше произведено првото возило наречено Jeep. Оттогаш американската марка продолжи да се развива лансирајќи модели за задоволување на потребите за мобилност и желбата за сопствена слобода.

Автентичност, авантура, слобода и страст: се четирите најважни информации впишани во генетскиот код на Jeep®. И токму овие референци стојат позади четирите букви на зборот „Jeep“. Синоним за off-road возило, американска марка која е светски препознатлива по решетката со седум отвори и трапезоидните краци на тркалата. Четири букви кои упатуваат на неговиот off-road капацитет за соочување со секаква авантура.

110411_j_wrangler01

Иконата на марката, Jeep Wrangler e aвтентичен и оригинален off –road. Конструиран е со огромна страст и одлучност на кои се додадени најнапредните технички достигнувања кои го прават ова возило да биде уникатно во светот. JEEP WRANGLER ќе го направи секое ваше патување извонредно, претворајќи го во вистинска авантура, а секогаш ќе биде одличен придружник во откривањето на она што секогаш сте го посакувале.

Jeep Renegade ја поместува границата за забава, на пат и надвор од него. Станува збор за комплетно нов автомобил – проектиран за во град, но подготвен да доминира надвор од урбаната џунгла. Одлично ги комбинира перформансите и авангардната технологија со агресивната и бунтовна персоналност. Млад е, разновиден, смел и различен од сите останати мали SUV возила кои некогаш сте ги возеле. Токму тоа што ви треба!

 

21_renegade_trailhawkJeep Cherokee е возило кое успешно го комбинира футуристичкиот дизајн со негoвото легендарно наследство. Технологија развиена од страна на европските дизајнери, совршен изглед, елегантна надворешна линија која го нагласува горниот дел на возилото. Заштитата во долниот дел ја пренесува онаа легендарност во можностите кои ги нуди секој модел на Jeеp, правејќи го Cherokee ефикасен и способен да вози на различни терени во секакви временски услови.

Wrangler, Renegade или Cherokee, секој модел на Jeep раскажува долга легенда од седум и пол децении составена од исклучителни патувања и пасијата кон outdoor.

До 31 декември имате можност да заштедите 20% на возилата кои се на лагер. Не ја пропуштајте оваа шанса да го почувствувате животот како нова авантура која ќе ја живеете со Jeep.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.