Животни кои го одземаат здивот: Моќната појава на коњите

0

Коњот е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството (Equidae) која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Toj е најсоцијално животно, и има големо влијание врз развојот на човековата историја како едно од најзначајните  домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.

12345593_1532967177019168_2975057728242955680_n

Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот свет.

27.5.frederik

Пржевалскиевиот коњ, именуван по рускиот истражувач Николај Пржевалски, се верува дека е единствениот вистински див коњ кој живее и денес во Монголија.

Коњите имаат специфичен физички изглед, изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката. Висината на коњот традиционално се мери со раце; една рака е околу 10 cm. Типичните коњи за јавање се околу 14 до 16 раце високи и тежат околу 400 до 500 kg. Најголемиот забележан коњ бил од Белгија, висок 1,8 m и тежи 1.450 kg. Најмалиот коњ (пони) е „Палешка“, родена на 1 мај 2001 година, живее на фармата во близина на Сент Луис, во државата Мисури, САД. Таа е тешка 25 килограми и висока само 45 сантиметри и во 2006 година влегла во Гинисовата книга на рекорди, како најмал коњ на светот. Таа била родена со ретко заболување (дворфизам) и бидејќи имала проблеми со одењето, па морало да ѝ се направат специјални копита.

Коњот има влакнеста покривка и долга грива и опашка. Тешката зимска покривка расте наесен и се митари на пролет. Типични бои на покривката се црна, кафеава, сива, кремаста, златна и бела. Гривата и опашката може да се исто или различно обоени од бојата на телото. Најразличните варијации во бојата можат да настанат од наследни црти кои предизвикуваат дамки, разредување на основната телесна боја или пробивање на бели влакна во покривката. Многу телесни бои имаат специфични имиња, како што е „беж“ (кафеав коњ со црна грива и опашка), „костен“ (црвенкасто кафена со грива и опашка во иста или нешто посветла боја) и „паломино“ (златна со кремасто бела грива и опашка).

konj-cigan-vaner-04

Сите овие физички карактеристики коњите знаат да ги поносат со себе на еднакво ниво како што кралевите ги носеле своите круни.

Што е она што коњите ги прави посебни, каква е нивната психологија, како тие гледаат на нас и што очекуваат од нас? Психологијата на коњите е целосна научна студија на умот и неговите ментални карактеристики. Најдобрата студија за нив ќе ја направите преку теренските истражувања, во природната средина каде што всушност се каде и корените на овој вид на животно.

12573820_1554159758233243_8329535184497045553_n

За да се разбере најдобро психологијата на коњите прво треба да се разбере однесувањето на стадото. Тие живеат во хиерархија, почит кон оној кој што е старешина во стадото, оној кој воедно е најдоминантен, најенергичен и подготвен да ги води останатите кон непознатото. Нивниот прв инстинкт на опасност е или да се бори или пак бегство. Имаат посебна енергија да ја почувствуваат силата на другиот. Енергијата им е во очите, кои се доволно оддалечени од устата, така што тие додека спокојно пасат имаат моќ да внимаваат на опасноста од околината.

Златниот коњ

Конекцијата помеѓу човекот и коњот е таква што уште во првата средба се знае на кого и каде му е местото. Коњите сакаат кога некој има авторитет врз нив, но онаков авторитет создаден со став и пренесен карактер преку енергијата. Не постои полоша варијанта доколку сакате да поставите авторитет врз коњ и да употребите физичка сила. Коњот ќе го прифати тоа од почит, но во првиот миг ќе знае како да ја казни вашата психолошка неумешност.  Доколку сакате да наметнете авторитет врз животно кое што може да постигне висина до 1,8метри и тежина околу 500килограми, животно по кои се мерат денеска брзината и силата на автомобилите, застанете пред него со исправена глава, спуштени раце покрај телото, дишете длабоко со полни гради и гледајте го право во очи. Внимавајте на погледот, тој мора да биде во исто време пријателски, авторитетен и интелигентен. Коњот во тој миг ќе ја почувствува вашата сила, вашиот авторитет преку конекцијата на енергијата со погледот, ќе постане веднаш ваш миленик кој самиот ќе ви дозволи прво да го милувате, потоа да почнете да го јавате и никогаш нема да ве напуштат без разлика на ситуацијата.

Коњите биле главни придружници на големите владетели, при што со помош на својата интуиција им давале совети и им помагале во опасностите. Може да се сетите како е опишано во книгите “Коњот бдееше врз неговиот владетел, додека тој не му ја даде слободата да продолжи понатаму или пак му назначи нов владетел” или пак “Владетелот ја преживеа оваа војна благодарејќи на својот коњ, кој ранет успеа да го одведе во дворецот” итн…

Грациозноста на коњите, нивниот шарм, интелигенција се голем показател зошто токму овие животни се и најчестите теми или ликови во литературата, сликарството, популарната култура и култна традиција на светските метрополи. Тие се единствените животни кои што имаат необични својства, знаат да зборуваат, трчаат со огромна брзина, летаат кон небото. Тоа е една од причините за познатиот француски поет Пол Верлен, да ја напише познатата песна „Дрвени коњи“.

На коњите им се посветени и бројни песни во поп и рок музиката. На пример, на својот албум од 1971 година, „Sticky fingers“, групата „Ролинг стонс (Rolling stones)“ ја вметнале песната „Диви коњи (Wild horses)“. Во 1991 година, на својот албум „Ахтунг бејби (Achtung Baby)“, групата „У2 (U2) ја ставила песната „Кој ќе ги јава твоите диви коњи (Who’s gonna ride your wild horses)“.

Во денешно време коњите главно се користат во најразлични јавачки спортови, селски туризам или градски атракции.  Јавањето на коњи не можете да го третирате како класичен спорт. Тоа е посебно чувство, посебен стил на живеење. Најголем доказ за тоа е и Кралицата Елизабета, таа има посебна љубов кон коњите и иако има 90 години сепак може да се забележи како ужива во јавањето.

11219731_801892176574145_959245610498804025_n

Енергијата на коњите е магична. Поради нивната посебност и нивното зрачење отворен во 1996 година во Америка е отворен непрофитен центар за рехабилитација на деца и возрасни со пречки во развојот или пак имаат последици од немили настани (http://www.Horse-Therapy.org). Во овој центар работат околу 500-тини волонтери, каде што главен антибиотик се малите пони коњи кои својата љубов ја даваат на оние на кои им е најпотребна.

12933031_10154220420503900_5817222998619662409_n

12993407_10154251198338900_3119212325139867055_n

12936612_10154194159208900_5809257820657071910_n

Бранкица Анѓелевска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.