Живот по правила на Мерилин Монро

0

Мерилин Монро е една од оние личности кои оставиле печат во историјата на луѓето. Иако светот ја третирал како површна блондинка, таа била жена која точно знаела што прави и што сака во животот. Но, за жал не успеала да ги реализира своите соништа и цели заради прераната смрт.

Во продолжение, прочитајте неколку цитати од Мерилин Монро, по коа таа се водела во животот.

Продолжи да се смееш затоа што животот е убав и дава многу причини за насмевка

Акетерката, како и сите луѓе се борела со животни несреќи, имала многу причини да плаче, но успеала да најде начин да се избори со нив и да се насмевне на новиот ден.

Да имаш кариера е прекрасна работа, но таа нема да те гушне во студена ноќ и да те затопли

Немојте да дозволите работата да го замени приватниот живот. Работа е работа, но личност со која можете да разговарате е нешто кое трае цел живот и се памети.

Некои работи ќе се распаднат, а кога ќе се случи тоа, подобро е да се распаднат заедно

Запаметете дека кога една врата ќе се затвори, друга се отвора и работите се случуваат на тој начин со некаква причина. Само заради тоа што нешто лошо се случило, не значи дека светот треба да престане да постои. Мора да продолжите со намера да успеете.

Јас живеам за да успеам, не за да задоволам други луѓе

Живејте за себе, не за другите. Задоволете ги вашите потреби и желби, соништа и амбиции.

125__1472137812_77.29.252.181

Јас сум добра личност, но не сум ангел. Имам гревови, но тоа не ме прави ѓавол.

Ова е само потсетување дека ниту еден човек на светот не е совршен. Ние сме такви какви што сме и треба да го прифатиме тоа. Ние сме балансот на доброто и лошото, а тоа е сосема нормално.

Несовршеноста е убава, лудилото е генијално и подобро е да бидеш апсолутно смешен, отколку апсолутно досаден

За да бидеш среќен не треба да се стопиш со останатите, туку да го сакаш секој дел од тебе, секоја карактеристика бидејќи тоа те прави посебен.

Јас сум себична, нетрпелива и малку несигурна. Правам грешки, знам да бидам надвор од контрола, но ако не знаеш како да бидеш со мене кога сум во најлошо издание, тогаш не ме заслужуваш ниту кога се чувствувам одлично.

Бидете со човек кој ве сака заради вас самите, во секое издание и секоја прилика. Живото не е секогаш убав и розов, ќе ви треба личност која е свесна за тоа.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.