Животна сторија: Angelo Whitis – од бездомник до шампион во американски фудбал

0

Младиот Angelo Whitis израснал без основни семејни услови. Тој бил селен од дом на еден роднина во друг, спиејќи на софа и во автомобил. Тој се борел со училиште и надвор од него. Станал едно од речиси 1 милион бездомни деца во САД.
Angelo_with_coach_Parker_and_family

Но, потоа сè се променило. Кога наполнил 15 години и размислувал за ново училиште, тој се запознал со тренерот на рагби во средното училиште River Rouge. Откако се приклучил на средношколскиот рагби тим, тренерот Cory Parker дознал дека Angelo е всушност бездомник. Исто така, дознал повеќе за тешкиот семеен живот на младиот спортист и сакал да му помогне во приватниот живот, исто како и на теренот.
На спортското игралиште, тој му помогнал на Angelo со интензивни тренинзи за да стане тимски напаѓач и да се здобие со потребната телесна маса преку физички активности. Вон игралиштето, тренерот заедно со својата сопруга го посвоиле бездомното дете му пружиле нормален семеен живот!
Со љубовта и поддршката што ги добил од тренерот и неговите соиграчи, Angelo сосема го сменил начинот на живот. Тој сега е почесен студент и рагби шампион, како и постар брат на синот на Parker. Angelo е и на пат да стане академски човек.
Оваа сторија е вистинска инспирација и ја враќа надежта во човечноста!

Остави коментар