„Живеј ја твојата имагинација. Не твојата историја.“

0

Ослободете се од грешките од минатото, сите луѓе грешат. Грешките не ве дефинираат вас, доколку вие не го дозволите тоа.

Ние луѓето сме склони да ги поминиме негативните настани повеќе отколку позитивните. Поради тоа и психичките болести како депресија, анксиозност и други можат да се излечат, бидејќи реално никој не сака да живее во минатото.

Не сонувајте ниту за иднината, така ќе ја пропуштите шансата да уживате во овој момент сега!

Неколку цитати за сите оние кои се чувствуваат „заглавени“ во минатото:

1. „Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината, сконцентрирајте се на сегашноста.“

2. „Благодарноста доаѓа од искуство од минатото, ни носи мир денес, а креира визија за утре.“

3. „Живеј ја твојата имагинација. Не твојата историја.“

4. „Бродот не плови на вчерашниот ветар.“

5. „Држејќи се до нешто е стапица на минатото; додека пак препуштањето е верување дека постои иднина.“

6. „Кога се ослободувам од она што сум, јас постанувам она што би можел да бидам. Кога се ослободувам од она што го имам, го добивам она што ми треба.“

7. „Диши. Ослободи се. И запомни дека овој момент е единствениот кој со сигурност, вистински го имаш.“

8. „Вистината е дека, се додека не се ослободиш, се додека не си простиш на себеси, се додека не сфатиш дека ситуацијата е завршена, не можеш да се движиш напред.“

9. “Страдањето не она што ве влече назад. Вие се држите до страдањето. Кога ќе станете добри во уметноста да се оттргнете од страдањата, тогаш ќе сфатите колку непотребени оптоварувања биле тие за вас. Ќе видите дека никој друг освен самите вие сте одговорни за таа состојба. Вистината е дека постоењето само по себе сака вашиот живот да е фестивал. ”

10. „Вчера – помина. Утре – се уште не е тука. Го имаме само денешниот ден. Нека започне.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.