Жените се уште се платени помалку од мажите за иста работна позиција

0

Низ годините, жените постојано се борат за своите права и полова еднаквост. Многу работи се променети, но се уште наидуваме на одредени ситуации кои укажуваат токму на половата нееднаквост.

Таков случај е и податокот дека жените добиваат пониски плати од мажите. Сепак, неодамнешни истражувања спроведени низ светот покажале дека состојбата воопшто не е променета, а воедно има и разлики во платите за една иста професија, со приближно еднакво искуство и образование.

Жените имаат и поголеми приватни одговорности (раѓање и растење деца), кои ги оттргнуваат од пазарот на подолго време или ги принудуваат да прифатат работа со скратено работно време за помали плати. Влијанието на овие жени кои привремено се надвор од пазарот, можат да го намалат просекот на целиот свој пол и со самото тоа да испратат порака дека се помалку достапни, а тоа индиректно да влијае и на разликата во платата.


Ова е проблем на глобално ниво, па Македонија не е исклучена. Најновите статистики покажаа дека во Македонија жените се за околу 18% помалку платени од мажите за иста работна позиција и исти квалификации. Исто така, жените поминуваат околу 2,5 часа повеќе работејќи неплатена работа од мажите.

Овие податоци денес ги изнесоа учесниците на тркалезна маса посветена на „Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање – 5 години потоа”.
Податоците укажуваат дека постигнатите резултати се недоволни и треба да се работи на донесување закони и стратегии, како и на примена преку соодветно родово одговорно буџетирање.

Министерката Царовска на оваа дебата истакна дека Владата има вистинска, не само декларативна заложба за подобрување на состојбите во родовата еднаквост, преку клучниот показател за реалните залагања – родово одговорно буџетирање.

„Јас како министер и како координатор за воспоставување родова еднаквост ќе се залагам работите да се прават на вистински начин, што би било невозможно доколку го немаме на наша страна Министерството за финансии, кое е вклучено со истата заложба.“ -вели Царовска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар