ЖЕНИТЕ ЗАЕДНО – ХУМАНА ИНИЦИЈАТИВА НА WOMEN SECRET

0

Women Together (Жените Заедно) e иницијатива на шпанскиот бренд Women’secret, која работи под мотото дека малите нешта кои секоја од нас ги прави, всушност имаат огромно влијание и не само што нè поврзуваат туку може да направат и значителни промени.

Во периодот од 1 до 10 март 2019 година, во продавниците на Women’secret ќе бидат поставени кутии за донација. Со донација од најмалку 50 денари секој посетител на продавниците ќе може да биде дел од оваа хумана акција и ќе добие специјална алка Women Power!

100% од собраните средства одат за помош на невладината организација за поддршка на родова еднаквост и еднородителски семејства Оne Can/ Една може https://www.facebook.com/onecanednamozhe/ .

Се надеваме дека и овој пат Жените Заедно ќе покажат дека со здружени сили можат да ги променат нештата кон подобро.

Ви благодариме на поддршката!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.