Жените сметаат дека мажите со брада се поатрактивни од другите

0

Според истражувањето спроведено од страна на списанието “Evolution and Human Behavior“, жените сметаат дека мажите се најпривлечни кога имаат брада од 10 дена.

Девојките оцениле фотографии од мажите во неколку различни фази . Резултати?
Нецелосно избричените мажи и оние забрадените го делеле второто место, а брадата од 5 дена кај мажите е убедливо на петтото место.

Истражувањето открива дека жените сметаат, дека мажите со брада се поинтересни и поатрактивни од оние мазните. Тие велат дека брадата открива дека се работи за маж со стил и велат дека да се има брада е навистина шармантно.
Дали ова сте го знаеле момци?
Joel-Alexander

Покрај тоа понежниот пол смета дека мажите кои имаат брада се навистина опседнати со тоа. Постојано ја негуваат и не ги тргаат рацете од неа.
На жените им е занимливо кога ќе заблежат маж со чешел за брада или пак масло што го нанесуваат секојдневно за сјај на брадата.

И дали сте подготвени за ова момци?
Повеќето девојки сметаат дека бакнувањето на дечко со брада или бркови е многу поинтересно.
06-Ben_Dahlhaus

Па момци, ако досега се двоумевте за брада, еве неколку совети и како да ја носите…

Изгледајте уредно
Тоа што пуштате брада не значи дека треба да изгледате неуредно. Линијата на вашата брада треба да биде на пола пат помеѓу адамовото јаболко и брадата, вели Алан Петеркин, автор на книгата- „100 бради“- културна историја за влакната на лицето.
Држете ја таа линија, така што постјано ќе внимавате на должината, а може да се послужите и со линијар. Не заборавајте и на јаболчниците. Сигурно не сакате да имате суви влакна на сред лице. Постојано отстранувајте ги.

Бидете мазни
На секого му се случило наутро кога ќе се разбуди да изгледа лошо. Но, сите неправилности како и од косата така и од брадата може да ги доведете во ред со користење на препарати.

Негувајте ја кожата на лицето
Она што не се гледа не мора да значи дека не постои. До кожата под брадата може тешко да се дојде, но потребно е често да ја хидрирате и чистите секако. Ова е исто така важно ако решите да се избричите.
Кожата треба да изгледа меко и да е негувана.
billyhux1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.