Жените не наоѓаат маж, мажите не наоѓаат жена

0

Сингл другарите се жалат дека не можат да си најдат нормална девојка. Другарките кои не се во врска се жалат дека не можат да си фатат нормален дечко. И сè така во круг… Влетуваат во кратки врски, па, пак се соло. Чекај? Ако постојат толку сингл луѓе и од двата пола, тогаш каде е проблемот?

Еве, пример, другарка ми М. успева да си најде сингл момчиња. Влетува во некои почетни фази на врска, но со ниту еден не успева. Едниот не знае што сака на свои 33 години, другиот е тежок идиот кој не знае како да се однесува со неа, третиот уште утре би ја женил.

Другар ми С. има превисоки очекувања. Не негира дека има сингл девојки кои се убави и згодни, ама тој не би можел да биде со нив. Некоја била премногу мрзелива и не знаела што сака, не работи, уште бара пари од нејзините наместо сама да ги заработува. Веќе следната е вработена, амбициозна, со кариера и одлични примања и се плаши дека таа би доминирала во врската и би ги контролирала нештата.

Дечки, најнапред олабавете малку.

Првата и основна лекција е дека излегувањето со некој или некоја, недела-две не прави врска. Дајте си време да се запознаете кога веќе сте одлучиле да бидете со некој. Балансирајте меѓу желбите и можностите. Немојте одеднаш да донесете заклучок дека потенцијалниот партнер не ги исполнува вашите критериуми. Не велам да ги немате, но проценете колку од нив се реални.

Втора работа, не ги бакнувајте сите жаби со надеж дека ќе се претворат во принц. Можеби им давате шанси на погрешни луѓе кои само ќе ве повредат, па, после ќе ви биде уште потешко да влезете во нова врска.

Трета работа, одлучете кои маани на партнерот би ги прифатиле за врската да успее оти никој не е совршен.

И кога веќе сте во врска, запомнете дека постојат неколку нешта кои мора да функционираат, освен хемијата, а тоа се сексот, довербата и компромисот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот