Жените како инспирација за делата на Пикасо

0

“За мене има само два вида жени, божици или чергичиња”

Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо роден во Малага, Шпанија на 25ти октомври 1881 – Мужен, 8 април 1973 на 91 година бил шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на уметноста од 20 век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот.

На многумина им се познати неговите дела, но малкумина знаат за неговиот љубовен живот.

“Жените се машини за страдање”, изјавил Пикасо за својата љубовница Франсоаз Гилот во 1943 година. Во нивната дветгодишна афера, 61-годишниот уметник ја предупредил 21-годишната студентка: “За мене има само два вида жени, божици или чергичиња”.

Од Рембрант и Гоја до Бонард и Стенли Спенсер, машките уметници како инспирација најчесто ги користеле лицата и телата на своите жени и љубовници но, никој ни приближно не го „злоупотребувал“ тоа како најголемиот уметник на 20 век, Пабло Пикасо.

Жените како инспирација во неговата уметност.

Заедно со сликите каде се забележува исклучителна нежност, се присутни и делата каде жените се извлечени и изделкани во измачени форми, пресечени на парчиња.

Сепак колку и да се вознемирувачки овие слики, не претставуваат ништо друго освен вистинските животни драми кои довеле до нивно создавање и чувствата кои ги имал тој за нив.

Од седумте најважни жени во животот на Пикасо, две се самоубиле, а две полуделе. Една од неговите девојки умрела од природна смрт само четири години од нивната врска. И додека Пикасо бил во врска со многу жени, и на ниту една од нив не бил верен – освен можеби на последната – секоја од овие седум жени е важна како клучен катализатор во неговиот развој како уметник.

Секоја од нив се истакнува и е дел од различен период во неговата кариера, претставувајќи комплементарен или спротивен идеал, инспирирајќи ја еволуцијата на нов визуелен правец. Исто како што тие биле опсесивно заљубени во него, тој бил зависен од нив.

Верен, дарежлив и приврзан кога нему му одговарало, Пикасо бил неверојатно брутален, спрема своите пријатели, љубовници, па дури и кон потполно непознати луѓе. Сепак, тој чувствувал вистинска, често страсна љубов за секоја од овие жени – страст што тој ја претставувал во десетици, илјадници слики и цртежи, во кои тој се обидел да го долови не само начинот на кој ги гледал овие жени, туку и како ги доживувал.

Пикасо и неговите музи

Фернанде Оливие (1881-1966, со Пикасо 1904-1911)
По насилно детство и насилниот тинејџерски брак, Оливие избегала во Париз и била во врска со Пикасо за време на неговата најреволуционерната фаза – кубизмот. Таа како што ја опишувале „париска авангарда“ била негова прва голема љубов.

Во 1906 година, Оливие го придружувалa Пикасо во селото Госол во шпанските Пиринеи, каде што преку многубројните дела, кубистичката традиционална архитектура и нејзините силни, сензуални карактеристики биле анализирани, што довело до највлијателната слика на 20 век – Demoiselles d’ Avignon. Додека Пикасо работел на ова дело во неговото студио Монмартр, тој бил целосно обземен со љубомора и лутина кон Оливие, која привремено заминала од него – оваа емоционална состојба била пренесена во неговата работа и комплетно го сменила правецот на западната уметност.

Les Demoiselles d’ Avignon

Ева Гуел (1885-1915, со Пикасо 1911-1915)
Родена е како Марсел Хумберт, таа била девојка на неговиот колега уметник Луј Маркусис. Таа и Пикасо ја започнале нивната врска во 1911 година. Многу малку е познато за изнемоштената Ева, но сепак, Пикасо тврдел дека со никого не доживел поголемо задоволство отколку со неа. Ја нарекувал „убава моја“, и можеби единствената кон која имал длабока наклонетост. Нивната афера траела се до нејзината смрт, во 1915та година.

Причина за нејзина смрт била туберкулоза.

Олга Хохлова (1891-1954, со Пикасо 1917-1935)
Првата сопруга на Пикасо и мајка на најстарото дете Пауло, украинската балерина Олга Хохлова е една од ретките која имала храброст и му се спротивставила на уметникот. По нивното одвојување во 1935 година, таа го бомбардирала со писма со навредлива содржина. Но, бидејќи Пикасо одбил да го дели својот имот со неа, како што се бара според францускиот закон, тие никогаш не се развеле.

Нивната бурна врска, тој ја претставил во повеќе омразни дела – во форми на заби, екстремитети и интимни делови од телата.

Мари-Терис Волтер (1909-1977, со Пикасо 1927-1936)
Пикасо се сретнал со 17-годишната русокоса надвор од трговската галерија “Галери Лафајет” во Париз во 1927 година, но нивната врска ја чувале во тајност дури осум години. Со неа имал ќерка, Маја, во 1935 година. Кога нивната љубов завршила односно Пикасо ја заменил со Дора Маар, во 1977 година таа се обесила. Во делото Le Reve таа е претставена, како плава, сончева и светла жена во контраст на Дора Мар која била инспирација за измачената „жална жена“.

Le Reve

Дора Маар (1907-1997, со Пикасо 1936-1944)
Родена како Хенриет Теодора Марковиќ, со хрватско и француско потекло. Талентиран уметник и фотограф, оваа надреалистичка икона – моќно портретирана од Ман Реј – имала трагичен живот, предизвикан, барем така верувал Пикасо, поради нејзината неспособност да има деца. Таа ги завршила нејзините денови опкружени со моштите од нејзиното време поминато со Пикасо.

The weeping woman

Франсоаз Гилот (б.1921, со Пикасо 1944-1953)
Студентката по право го напуштила студиите во корист на уметноста и започнала афера со Пикасо во 21 година. Таа му родила две деца, Клод и Палома. Нивната деветгодишна врска се одвивала во периодот на најголемиот успех од кариерата на Пикасо. Подоцна таа стапила во брак со американскиот пионер Џонас Салк и се уште црта.

Жаклин Роке (1927-1986, со Пикасо 1954-1993)
Жаклина се запознала со Пикасо во 1954 година. Работела како продажен агент за керамика во студиото Мадура во Валуарис, каде што Пикасо ја изработувал предмети од керамика. Таа имала 27 години кога се запознале и била неговата втора сопруга во 1961 година.

Пикасо има создадено повеќе од 400 портрети инспирирани од Жаклин Рок.
Таа се самоубила во 1986 година, 13 години по смртта на Пикасо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.