Жената на диктаторот: Која била Елена Чаушеску?

0

Елена Чаушеску беше сопруга на романскиот диктатор Николај кој владееше со земјата 24 години. Специфична по неколку работи: Елена се облекувала само во француска гардероба, а се возела во германски автомобили. Позната била по својата колекција од големи академски титули.

“Денес, Романија за Запад е повеќе позната и од Ајфеловата кула, а е почитувана повеќе и од англиската кралица. Сето тоа, благодарение на Николај и мене“ – изјавила Елена Чаушеску, сопругата на “генијалецот од Карпатите“, како што сам себе се нарекол романскиот диктатор Николај Чаушеску. Всушност, таа и нејзиниот сопруг биле едно. Елена и Николај биле неразделни. Видливо приврзани еден кон друго, еднакво биле омразени меѓу народот.

Во периодот од 1965 година до 1989 година, Романија била сиромашна и екстремно изолирана земја. Тие, сепак своето владеење го нарекувале “златна епоха“.

Селанка со бунтовен дух

Елена по потекло била од Петрестија, мало место во северна Романија каде се родила на 07.01.1916 година. Образованието го прекинала после почетокот на училиштето. Ги научила едвај основите на пишување и читање, па отприлика знаела и да смета. Родителите ја пратиле во главниот град за да најде работа во една од индустриските области, каде успеала да се вработи во фабрика за текстил. Штом стигнала таму, нејзиниот непопустлив карактер во комбинација со бунтовен дух ја одвоиле и истакнале при борбите меѓу работниците и богаташите. Така малку по малку, се зближила во круговите на синдикалните работници и редовно била дел од нивните илегални состаноци.

Нејзиното вистинско име е Ленита Петреску.

Била на чело на поворката против кралската тиранија, кога погледите и се сретнале со еден млад човек. Него веднаш го привлекло нејзината смиреност и по малку сирово одушевување.

Тој е Николај Чаушеску. Неколку месеци претходно излегол од затвор Дофтан и оттогаш живеел во илегала. Таа пролет, која ја запознал Ленита, сфатил дека со неа дели иста одлучност и желба да се промени целиот светски поредок.

Николај бил баран бегалец и на почетокот на нивната врска нивната идила била обележана со голема несигурност.

Тие секој ден морале да ги лажат луѓето на кои не им верувале, често се селеле и измислувале разни приказни за нивните следни чекори. Истата година, во отсуство му биле пресудени 3 години строг затвор. 1940 година бил уапсен. Тие четири години во затвор, не го избришале сеќавањето на убавата Ленита и тој знаел дека мора повторно да ја пронајде. Во текот на тие години, нејзе почнал да ја бие лош глас на “лесна“ девојка. Но, нему ништо не му било важно , бидејќи сметал дека врските кои еднаш биле поставени никогаш не може да се прекинат.

Младиот пар одлучил да се венча на 23 декември 1947 година. Со потпишување на брачниот договор, веднаш го промениле и изводот од матична книга на родените на младата, бидејќи Николај сметал дека нејзиното вистинско име кое буквално значи “мила“, не е доволно достоинствено како име за негова сопруга. Ленита официјално станала Елена. Во нејзиниот извод на родени, променета е и датата на раѓање, бидејќи била постара две години од својот сопруг.

Чувствителна во врска со образованието кои и недостигало, Елена решила да стане голем “научник“. Така, таа собирала тирули и функции и планирала да стане проферосрка или угледен научник, па кон неа да се однесуваат како кон највисоките државници.

Елена Чаушеску во 1975 предала докторска дисертација под насловот “Влијание на стереоспецифични полимеризации базирани на стабилизација на синтетички каучук“.

Идејата за ова дошло од првата нејзината работна позиција во текстилната фабрика, откаде се пројавила вистинска страст кон полимерите, односно молекули со голема димензија откриени кон крајот на 18ти век кои влегле во игра при состанувањето на пластични материјали. Елена била свесна за нивната клучна улога која ќе ја имаат при развивањето на индустиријата.

Сите со нетрпение чекале да видат како ќе се снајде при нејзината одбрана на темата пред комисија, но на нивно разочарување, штом стигнале пред вратата на универзитетот, дознале дека бранењето на дипломската се одвивало претходниот ден.

Докторатот се чини веднаш вродил со плод, па таа веднаш е именувана како претседателка на Националниот одбор за социјалистичка култура и образование, односно станала министерка за култура. Со цел да биде пример, единствен пример на романска жена, таа сакала да биде почитувана, сакала да ја сакаат, сакала да и завидуваат. Потполна преданост, или ништо!

Во текот на дипломатските патувања на брачниот пар, домаќините правеле се за да им удоволат на нивните барања. Доколку Елена сакала нов автомобил или гардероба, доволно било само да се побара од француската или германската амбасада.

На тие патувања, таа упорно се трудела да ја покаже својата рафинираност барајќи секогаш менијата во рестораните да бидат напишани на француски јазик, со што покажувала дека ја познава француската култура и стил, иако од тоа и немала многу знаење.

Американскиот претседател Џими Картер одбил да и даде почесен докторат на Вашингтонскиот универзитет што поттикнало немил дипломатски инцидент поради кој подоцна се блокирани сите блиски односи помеѓу овие две држави.

Нејзините амбиции оделе дури до желба за Нобелова награда. На почетокот се залагала за мир во светот и била огромен противник на нуклеарното вооружување. Откако не успеала со номинација за мир, таа се префрлила на други области, па почнала пред стокхолмската комисија да презентира бизарни проекти од областа на хемијата и медицината, кои биле постојано одбивани.

Во слободното време, се залагала со поттикнување за зголемување на наталитетот во државата. На целата нација им предлагала зголемување на сексуална активност, односно интензитет на односи три до четири пати неделно. Дознавајќи дека многу од жените се одлучуваат за абортус, решила да воведе задолжителни гинеколошки прегледи еднаш месечно.

Последните часови

Букурешт, Божиќ 1989 година. Во зградата на министерството за одбрана, главниот тужител ја прочитал пресудата:

“Злочин против човештвото. Сториле дела кои не се во склад со човечкото достоинство и општествените мисли. Се однесувале деспотски и злосторнички. Го уништиле народот. Поради злочините кои ги направиле против народот, барам, во име на жртвите на овие тирани, смртна казна за двајцата обвинети“.

Во тужбата биле наведени и познатите луксузни забави кои биле организирани во нивната викендица, додека народот добивал оброк од 200 грама храна на ден.

Парот бил опколен до ѕидот на една празна палата. Два стола биле поставени како симбол на нивниот статус. Елена изгледала како тукушто да станала од спиење. Била замотана во долг капут без кожа, со крзно околу вратот. Таа изгледала збунето но и достоинствено до последниот момент.

За време на судењето, додека се расправал со судијата, само за момент ќе погледнел во неа со смирувачки поглед како да сака да ја утеши… Биле обвинети за масакт во Темишвар, за изнајмување платеници, за сметки во Швајцарска банка, за нејзиниот дискутабилен научен углед…Нејзиниот сопруг упорно тврдел дека тој воен суд е нелегален.

Одлуката била едногласна, Николај и Елена ќе бидат стрелани како виновни за сите оптужби.

Истиот ден, пред чинот, последните изговорени реченици од Елена ќе влезат во историјата како најпознати фрази: “Никола, ќе не погубат? Во нашата Романија? Зар не ви бев како мајка? Ајде, пукајте деца!“ Слушајќи ја, Николај леел солзи и гледај немоќно во својата љубена со која ќе почине заедно.

Во докуметите на кои непрестано внимавала додека траело судењето не биле пронајдени никакви броеви од сметки, или државни тајни. Единствено инекција со инсулин. Николај бил дијабетичар. Таа со себе ја носела инекцијата која му била неопходна на нејзиниот сопруг да живее.

Меѓу законите кои биле на сила, за време на нивното владеење се среќава и тој дека никој не смее да поседува машина за пишување без дозвола од полицијата. Телевизиските водителки пред камерите не смееле да носат накит, а книгите кои обработувале теми за секусалност и репродукција биле бележани како “медицински“ учебници.

Сите контрацептивни средства биле забранети како и абортусот, одвен во случај во семејството да има повеќе од 4 деца. Бремените жени биле внесувани во евиденции и редовно контролирани да не извршат абортус.

За време на нивната власт, никој немал право на целибат. Односно, самците постари од 25 години и паровите без деца морале да плаќаат високи даноци.

Во тоа време, народот страдал од хроничен глад. Постојано имало недостиг од месо или масло за прехрана, а овие производи можеле да се купат само од одредени купони.

Постоела само една државна пропаганда и еден национален телевизиски канал кој емитувал програма само 2 часа дневно, од 20 до 22 навечер.

Елена и Николај во 1948 година го добиле своето прво дете, синот Валентин кој подоцна воопшто не се занимавал со политика и не ги следел чекорите на својот татко. Студирал физика. Една година подоцна се родила ќерката Зои, а две подоцна синот Нико, кој после својот татко бил вториот најомразен човек во Романија.

Алкохоличар, силувач и коцкар кој постојано возел во алкохолизирана состојба и предизвикувал сообраќајни несреќи, загрозувајќи го животот на луѓето. На свои 14 години ја силувал својата соученичка. За жал, тој не бил спречен од своите родители за ништо од тоа што го правел, туку сите тие ситуации биле успешно затскривани. Завршил во затвор, скоро после смртта на неговите родители, а бил пуштен 3 години подоцна поради тежок облик на цироза. Брзо потоа, починал.

Извор: www.24sata.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.