Жена сте и имате 40-тина години: еве зошто животот допрва почнува за вас!

0

Жените по 40-тата…кои се тие? Ранливи па понекогаш дури и беспомошни. Наивни и полни со самодоверба како и во 30-тите. Одново ја забораваат незрелата романтика на 15-годишните, ентузијазмот на 20-годишните и рационалноста на оние над 30.

Нов свет
Жените на 40 години има веќе многу искуство. Понекогаш ги затвараат очите, а подоцна ги отвараат за да го видат испред себе новиот свет, новиот живот и самите себе како нови личности.
Тие веруваат во себе, бидејќи најлошто веќе го имаат доживеано. Го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да го видат онаму каде што другите не го гледаат.
Жените над 40 имаат чувствителен слух и нежни раце. Го избираат тоа што е најдобро за нив. Тие се убави, не само симпатични. Тие се неверојатно убави бидејќи се свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие знаат да го сакаат своето тело, токму поради тоа може да го привлечат секој.

Portrait of a smiling middle aged brunette relaxing on couch

Тие ја знаат тајната на живот- жените по 40-тите.
Доволно е зборување за „милионери“, „кариери“ и „друштвени“ статуси, жените по 40-тата се доволно зрели за да изберат што да слушаат и што да гледаат. Знаат дека во животот е важен самиот живот- неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способност и секојдневната радост.
Жената во 40-тите повеќе не се занимава со тактиките и правилата на заводливост и не се подготвува со часови за излегување и забава. За неа периодот за „активна потрага“ и “лов“ повеќе не е во мода бидејќи веќе го има пронајдено она што и е потребно и што ја исполнува во живот.
Жената над 40-тите е необична и интересна за сите…Таа знае многу гласно да плаче и да се смее. Повеќе не ги следи „маските и правилата“ на друштвените норми и однесување, што е забрането и што е дозволено.
Таа се соочувала со ситуации во животот кога ја држела главата крената горе дури и кога тоа бил најлошиот период од животот, кога наместо да плаче требало да се смее – жената на 40-тата повеќе не го прави тоа, живее слободно и го кажува она што и смета, таа живее беспрекорно. Живее исто со ритамот на дижењето: брзо, споро, нежно, силно и безобразно. По 40-тата таа успева да живее живот во сегашниот момент – да е присутна сега и тука!
Жените по 40-тата не се тетки! Тие носат долги здолништа затоа што тоа е елегантно и женствено. Но тие носат и кратки здолништа…фармерки…и бижуатерија…Немаат потреба да се покажуваат- „имам дијамнти“. Важно е она што нив им се допаѓа.

Не доцнат никаде
Тие не го следат трендот од сезона во сезона. Сакаат да се убави за себе. Тие се тренд сами по себе. Жените по 40-тата престануваат да ги бројат калориите бидејќи љубовта, интересот, движењето, инспирацијата и мотивацијата помагаат многу повеќе од фитнес центарот и „пластичниот“ начин на живот.
Токму тоа е и убавината во нивните години. Доволната зрелост да ја ценат секоја минута и секогаш да се на време, е нивна дисциплина во новиот живот. Тие успеваат да постигнат се, едноставно, живеат. И точно, знаат дека и по 40 години од сега ќе бидат уште поинтересни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.