Земји во кои е забрането да пиете алкохол

0

Доколку сте љубител на алкохол, а планирате во брзо време да отпатувате во некоја од овие земји, добро би било да го знаете следново.

Индија
Продажбата и употребата на алкохол е забранета во неколку Индиски земји, а потполна забрана би можела да стапи на сила во 2017 година. Во градовите како што е Гуџарата посетителите мораат да купат специјална дозвола која важи 30 дена. Тие обично се продаваат по хотелите или на главниот аеродром во државата, Ахмедабаду. Продажбата и конзумирањето алкохол се во целост забранети на Лакадиви.

САД
Иако прохибицијата е укината пред повеќе од 80 години, одреден број на окрузи и понатаму се “суви“, вклучувајќи 36 во Мисисипи, 83 на Аљаска, и 3 на Флорида. Алкохолот исто така е забранет во многу окрузи во Тексас, Аарканзас, Алабама и Кентаки. И покрај постоењето на дестилеријата “Џек Дениелс“, алкохолот е забранет и во округот Мур во Тенеси.

Малдиви
Конзумирањето алкохол е забрането во престолнината Мали, како и на сите острови на кои нема одмаралишта. На останатите делови од земјата може слободно да се купува и конзумира алкохол.

Обединети Арапски Емирати
Иако алкохолот е достапен во хотелите, одредени ресторани и супермаркети, нелегално е да се пие или да се биде под дејство на алкохол на останатите јавни места. Во емиратот Шарџи, алкохолот е комплетно забранет.

alkos

Брунеи
Продажбата и јавното конзимирање на алкохол се забранети, но сите посетители кои не се муслимани можат во земјата на секој 48 часа да внесат до две литра жесток пијалак, или 12 лименки пиво, кои се разбира мораат да ги пријават, и да купат дозвола за да се напијат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.