Земји кои се рај за непушачите

0

Непушачите знаат како е да си во кафуле кое е преполно со пушачи. Замирисана коса, алишта кои мирисаат на тутун, кашлање се само дел од причините поради кои непушачите ги избегнуваат местата каде се пуши. Ние имаме една идеја доколку сте непушач и планирате патување. Отпатувајте во некоја од следниве земји кои се вистински рај за сите оние кои мразат цигари.

Норвешка

Во оваа земја забрането е пушењето во сите барови, ресторани и клубови уште од 2004-та година. Веројатно и затоа бројот на пушачи во Норвешка е значително намален во последните години. Но, меѓу младата популација е актуелен тутунот во прав – снус, кој се консумира со џвакање.

norway

Ирска

Ирска е една од водечките земји кога се во прашање антипушачките реклами. Ова е првата земја на светот каде во сила стапи апсолутната забрана за пушење во затворени работни простории. Забраната се однесува и на сите клубови, барови, ресторани и пабови.

ireland

Канада

Канада е веќе десетици години непушачка зона. Патниците кои ги не поднесуваат зачадени простории можат слободно да ги истражуваат локалните барови и ресторани. Во некои продавници, замислете, цигарите се држат скриени од очите на купувачите.

canada

Исланд

Исландските кафулиња, ресторани и пабови се идеален избор за патниците непушачи бидејќи пушењето е забрането во сите јавни простори. Според нивниот закон не смеете да пушите ниту онаму каде има деца.

iceland 2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот