Желбата за одредена храна укажува на проблеми во нашето тело

0

Огромната желба за одредена храна укажува на тоа дека вашиот организам има потреба од одредени витамини и минерали. Слушајте го своето тело внимателно за да откриете што е она што ви недостига во организмот.

Доколку не сте љубител на благи работи, а одеднаш започнувате да јадете и по сто грама чоколадо, имате проблем со гликозата во крвта која најверојатно е на ниско ниво. Вашиот организам бара благо и кога сте уморни. Но, доколку постојано имате потреба од благо и вода, а притоа и зачестено мокрите консултирајте се со вашиот матичен лекар бидејќи тоа се првите симптоми на дијабетис.

Ако пак душата ви бара чипс и солени грицки, тогаш дефинитивно сте под стрес бидејќи солените грицки го намалуваат нивото на кортизол во крвата, хормонот кој е виновен за стресот. Исто така, организмот бара солена храна и после исцрпувачки диети.

Доколку пак не можете да застанете со консумација на месо, вам ви недостигаат витамин Б и протеини кои се клучни за нормално функционирање на организмот.

Ако често знаете да посегнете по парче сирење или кашкавал, тогаш повторно имате потреба за шеќер. Иако звучи по малку нелогично, всушност сирењето освен протеини и масти содржи и млечни шеќери.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар