Зеигарников ефект: Како да се натерате да го завршите она што сте го започнале

0

Благодарение на развојот на психологијата и достапните информации на интернет, можеме лесно да си ги објасниме појавите и секојдневните мисли за кои не знаеме ништо.

Едно од прашањата кои си ги поставуваме себеси е: „Зошто не го завршувам она што сум го започнал?“, „Зошто тоа прави да се чувствувам непријатно, а не правам ништо за да го променам тоа?“

Потребата за ”точка”, за завршеток и потсвесното паметење на активности кои не се завршени е желба на умот да ја прекине неизвесноста, да има конкретен и дефиниран одговор. Оваа појава во психологијата е наречена Зеигарников ефект, кој објаснува зошто повеќе ги паметиме оние недовршените активности, за разлика од оние кои сме ги завршиле.

Зеигарниковиот ефект го носи името на рускиот психолог Блума Зеигарник, која забележала нешто необично додека седела во ресторан во Беч. Келнерите ги паметеле само нарачките кои требало да ги послужат, а послабо (или воопшто) се сеќавале на оние кои веќе ги послужиле. Таа во својата лабораторија ја тестирала теоријата за тоа што го забележала кај келнерот.

Истото истражување го повториле Кенет Мекгроу и неговиот тим, педесет години подоцна. Заклучокот на двете истражувања бил дека кога луѓето еднаш ќе започнат нешто, тие имаат потреба тоа да го завршат.

Постои еден исклучок кај Зеигарниковиот ефект. Тој не функционира доколку личноста не е вистински мотивирана да ја заврши задачата или да постигне одредена цел.

Овој ефект покажува дека секој човек е природно склон кон тоа да го заврши она што го запамтил.

Дел од психолозите сметаат дека луѓето често ги одложуваат активностите бидејќи премногу размислуваат за нив. Но, ако некој ги увери или ако самите се уверат дека ќе потрошат “само неколку минути“, често чувствуваат потреба да ја завршат активноста.

Ова правило “само неколку минути“ е многу ефикасно во вакви ситуации и им помага на луѓето да ги завршат и најтешките задачи. Овие навидум неколку минути го подготвуваат мозокот, кој подоцна одбива да се одмори додека процесот не е завршен.

Доколку сте од оние луѓе на кои чувството за недовршени активности ви предизвикува анксиозност и други негативни чувства, а не знаете како да се соочите со овој проблем, можете да се обидете со следново:

-Дефинирајте го вашето “зошто“: Која вашата цел, што сакате да постигнете со одредената активност?

-Применете соодветни стратегии.Кога ја знаете целта, створете шема по која ќе стигнете до крајот на активноста.

-Направете се одеднаш, но со паузи (не премногу чести и долги).

-Одберете соодветно опкружување каде ништо нема да ве вознемирува и привлекува вниманието (телефон, телевизор…)

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.