Здрави оброци за само 15 минути

0

Често се случува кога се враќате од работа дома, да немате ручек или пак да немате време да подготвите. Од овие причини кога сме во брзање јадеме што ќе ни дојде при рака само да го задоволиме апетитот. Најчесто ваквото јадење не е здраво, не состои хралниви материи и  придонесува за качување на килограми.

Кога се наоѓате во ваква ситуација избегнувајте го конзумирањето на „брзата храната“ и наместо тоа погледнете го нашиот водич кој е составен точно од 7 рецепти кои се припремаат за 15 минути.
Заштедете време и зачувајте здравје!

1. Сите видови на паста
Сите обожуваат да јадат паста и разбираме зошто е тоа така. Освен што се подоготвува за помалку од 15 минути, вкусна е, може да ја комбинирате со било какви сосови и состојки по ваш избор. Во книгата за кулинарство на Marta Stewart, може да погледнете нови интересни начини за подготовка на паста со здрави состојки како: рокула, кромид и чери. Пастата со зеленчук е исто толку вкусна како и одлично освежување во исхраната.

2. Ќебапи од лосос

Ова е превкусна риба сецкана на мали парчиња зачинета со кумин, сусам и оригано. Се подготвува за многу брзо време а сите состојки се хранливи и здрави за организмот на човекот. Кога ја купувате рибата побарајте од истото место да ви ја исечат на мали парчиња за потоа само да ја наредите во тава и да ги ставите потребните состојки. Не заборавајте и лимон.

3. Бургери со месо од мисирка и спанаќ
Децата обожуваат секакви видови на бургери и поради тоа овој рецепт ќе биде сигурно успешен и вкусен. Мисиркиното месо помешано со многу спанаќ има одличен вкус, а при тоа може да додадете лук и кромид. Ако сте љубители на сосови може да додадете мајонез или италинаскиот маринара сос.

4. Риба со топол рузмарин и масилново масло (Vinaigrette)
Ако ви се најавиле гости за време на викенд и сакате да подготвите нешто посебно но брзо, тогаш купете парчиња замрзната риба, подгответе ја во тава со кромид, масло и рузмарин. Врз рибата ставете малку свежо цеден сок од портокал, тоа ќе и даде на рибата одличен вкус. За пред јадење подгответе похован кашкавал и вино, потоа рибата послужете ја со кукус и мешан зеленчук. На крај, за десерт подгответе сладолед од ванила и чоко прелив.
Уживајте во дружбата со пријателите.

5.Салата од нудлс и кикирики
Ова е лесна салата за вечера богата со витамини. Во салатата од нудлс може да ставите свеж зеленчук како брокула, моркови и црвена зелка. Дресингот може да го подготвите на азиски начин: јогурт, кикирики, ленено масло, лимонов сок и сос од соја. Доколку имате блендер за храна зеленчукот може да го приготвите на таков начин или пак ситно да го исецкате.

6. Такос со ракчиња и рузмарин
Ракчињата се подготвуваат многу брзо а такосот е секогаш хит, тогаш комбинацијата на овие две е резултат на совршен оброк. Такосот го полниме со ориз, но исто така би било вкус и ако наместо ориз ставиме грашок или ситен грав.

7. Пржено јајце со авокадо и никулци

Прженото јајце дава добар вкус на сè. Овој оброк се состои од тортиља полнета со никулци, авокадо и фета сирење. Лесно се подготвува и е богат со хранливи состојки. Ако не обожувате нукулци тогаш заменете ги со спанаќ или зелечук кој вам ви се допаѓа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот