Затоа што се уште си тука и се уште си најважната личност во мојот живот -Ти си мојата мама

0

Додека растеме, сме непромислени млади луѓе кои не знаат што е тоа последица, не размислуваме како ќе влијае тоа на околината, а никако не помислуваме на туѓите чувства и дали ќе повредиме некого со тоа.

Прва во редот е мајката. Таа грижлива личност која секогаш ги нашите, пред своите, таа е личноста која не гушкаше кога бевме деца, која носеше вода после полноќ затоа што бевме жедни, која не гушкаше кога ќе имавме лош сон и ќе се разбудевме со плачење. Таа ни кажуваше дека се ќе биде во ред.

Мама секогаш беше таму на приредби во училиште, горда на своето дете кое е дел од претставата, горда на секој обоен цртеж и секоја оцена донесена дома. Секоја нејзина жртва ја сфаќам денес, секој нејзин чекор и постапка има оправдување,  а секој нејзин совет има смисла кончено.

Би сакала да ти кажам дека сега конечно разбирам и знам.

Знам зошто ме бакна пред моите соученици кога го земав првото свидетелство. Ми беше срам оти тоа го стори пред сите, но сега знам. Ти беше само горда на своето девојче.

Знам зошто секогаш кога бев лошо дете, ти ќе ме погалеше по главчето, ќе ме советуваше и ќе ми кажеше дека ме сакаш.

Знам зошто и ја даде мојата кукла на Марија кога бев малечка, иако плачев и ти бев лута два дена. Јас ја скршив нејзината намерно, а ти само сакаше да научам лекција на која и денес  се сеќавам и ја применувам.

Знам дека ти беше тешко да станеш сред ноќ, да ме видиш како плачам за пропадната љубов, да ми ги кажуваш најубавите зборови за кои јас тогаш немав многу разбирање.

Знам дека се откажуваше од твоите одмори, за да јас ги доживеам моите луди спомени.

Знам дека секогаш беше во право кога ми зборуваше  дека се во животот се враќа, секоја лоша постапка.

Сега знам дека сите оние разговори кои сакав да ги избегнам, а не можев ,се моите 10 завети по кои се водам.

Знам дека ти беше тешко да се извинуваш во мое име.

Знам дека беше исплашена секогаш кога ќе излезев низ врата и ќе задоцнев да се вратам дома.

Би сакала да знаеш дека се што некогаш негирав и се обидував да го избегнам, сега ќе го направам.

Ќе ти кажам дека секогаш те слушав кога зборуваше, иако ги покривав ушите.

Секогаш кога ќе ме прегрнеше иако не враќав назад, уживав во таа прегратка, таму каде што беше најсигурно.

Ќе ти кажам дека не мора да се грижиш за ништо, бидејќи секој момент поминат со тебе, го носам во мојата глава.

На крајот, ќе ти кажам дека ТЕ САКАМ и еве ме доаѓам накај тебе да те прегрнам, затоа што се уште си тука и се уште си најважната личност во мојот живот.

Ти си мојата мама!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.