Затегнете го задникот и излечете го целулитот со само една вежба

0

Вежбата која е наречена “лак кој стои“ е јога вежба која се смета за најдобра при обликување на задницата и помага за губење на целулитот.

Освен што е корисна за опуштање, јогата докажано помага при борбата со целулитот. Истражувања од Харвард докажале дека вежбањето јога е најефикасниот начин за подобрување на протокот на лимфата, за елиминирање на токсините и смалување на задржувањето на течности во организмот. Со примена на јогата, кожата станува еластична и блескава, се дефинираат и зголемуваат мускулите, и што е најважно се подмладува.

Доколку ја коминираме оваа вежба со правилен начин на исхрана, односно почнеме да ги избегнуваме тешките зачини, а да консумираме почесто овошје и зеленчук. Од големо значење е и пиењето вода во текот на денот, кое е најдобро да биде повеќе од 2 литра.

Оваа вежба може да ја практикувате секој ден по 20 минути и резултатите ќе бидат многу брзо забележливи.

  • Заземете став на расчекор и поставете ги рацете на колковите. Десната нога завијте ја во лак и подигнете ја колку можете погоре кон таванот. Штом ја подигнете, со десната рака допрете го вашето стопало.

Потоа направете го истото и со левата нога. Уште при првото вежбање ќе забележите како мускулите се истегнуваат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот