Заштита на домот од крадци

0

Вложување во зашита на домот не треба да биде последно на листата на работи кои мора да се завршат штом почнете да живеете сами. Тоа треба да биде примарна задача бидејќи честопати нововселените станари се мета на крадци. Тоа го потврдува и еден случај каде што крадецот не само што пробал да ги ограби сопствениците, туку и легнал до нив во спалната соба.

Што би рекле ако се разбудите со непознат човек до вас во кревет? Сигурно првата реакција би била врисок.

Еден крадец од Портланд, Орегон не само што се обидува да им украде материјали работи на сопствениците на куќите каде што влегува, туку ги соблекува алиштата, легнува во креветот до нив и ги бакнува.

Овој 32 – годишен човек, влегол во куќата каде што планирал да краде. Не знаел дека има некој дома и сосема ослободено ја „расчистувал“ куќата. Откако завршил со ограбувањето, од непознати причини решил да влезе во спалната соба и да го преплаши домаќинот така што го бакнал додека спиел. Човекот преплашено скокнал, го зел пиштолот кој легално го поседувал и почнал да го брка крадецот. Бегајќи од пиштолот, тој успеал да ги навлече пантолоните и да трча. Набрзо потоа дошла полицијата и го привела. Тој сега се соочува со казна затвор заради сексуална злоупотреба и грабеж.

Ова не е единствен пример за провала и кражба секако. Американците во просек трпат материјална загуба од 2000 долари по куќа заради постојани кражби. Доколку немате осигурителна полиса, во тој случај има неколку совети кои би можеле да помогнат при заштита од крадци. Ако живеете во куќа, во тој случај избегнувајте грмушки и други разгранети растенија во дворот кои би помогнале некој да се скрие во нив; на прозорите ставете ролетни како би се заштитиле од љубопитни и испитувачки погледи; ако купувате нови работи во домаќинсктвото, кутиите од истите прво искинете ги, а потоа ставете ги во ѓубрето за да не привлекувате внимание; инсталирајте сијалица со сензор на движење; најголем дел од кражбите се со разбивање на влезната врата, затоа вложете во цврста врата и брава која ќе го спречи тоа; размислете и за дупла врата.

На крајот, не заборавајте пред излгување да проверите двапати дали сите врати и прозорци се затворени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот