Заштитете се од настинките

0

Пред нас е долг период на настинки и грипови кои знаат да бидат досадни и исцрпувачки. Еден начин да се зашитите е да вежбате односно да го смените досегашниот начин на живот. Вежабaњето е половина здравје, а тоа го потврдуваат и група американски научници кои во едно нивно истражување велат дека кај луѓето кои вежбаат на редовна база, шансите за настинка се намалени за 50 проценти. Во експериментот биле опфатени 1000 луѓе на возраст до 85 години и било побарано од нив да водат евиденција за секоја појава поврзана со настинка како на пример, кашалање, кивање, течење нос и слично. Дневникот го воделе во текот на есента и зимата.

Учесниците биле прашувани за фреквенцијата на вежбање, каква храна консумираат и дали се изложени на стрес. Резултатите покажале дека луѓето кои практикувале редовна физичка активност покажале симптоми на настинка 5 дена во текот на 3-месечниот период во кој било спроведено истражувањето. А луѓето кои не биле активни, во истиот период имале симптоми на настинка 9 дена.

Уште еден начин да се заштите во текот на следнава сезона е да додадете следниве производи во вашето дневно мени:

Ѓумбир – ѓумбирот се смета дека е многу здрав зеленчук кој е препорачлив во секојдневната исхрана, а конкретно за настинката се мисли дека помага при побрзо лекување. Може да ја намали главоболката и го зајакнува имунитетот.

Мед – Медот денес ретко кој го нема во исхраната на секојдневна база. Го подобрува имунитетот, а се користи за болно грло и инфекции. Ова не е препорачливо за деца до една година бидејќи може да предизвика алергија заради поленот.

Лук – лукот ќе ги одбива луѓето околу вас, но го подобрува здравјето. Меѓу повозрасната популација е познат како природен антибиотик. Препорачливо е да се консумира свеж наместо приготвен во храна, ако сакате да го има целосно дејство.

На крајот, пробајте да го минимизирате го стресот, вежбајте почесто, хранете се добро и пред вас е есенско-зимски период во кој настинките нема да ви можат ништо.