Заштитете ги вашите деца од опасностите на социјалните мрежи

0

Денес децата поминуваат повеќе време на социјалните мрежи или пак играјќи некоја игра онлајн.

Како родител нормално е да чувствувате потреба да дознаете нешто повеќе за времето што детето го поминува пред компјутер, но потребно е да му пристапите на мудар начин.
Секогаш може да го прашате вашето дете што е она што најмногу сака да го прави онлајн или кои се работите кои најмногу го привлекуваат за да го поминува своето време пред компјутерот.
Постојат родители кои често не знаат какви прашања да постават поради фактот што немаат допир со интернет мрежите и немаат многу познавање од денешните технологии. Но, секако може да почнете од тоа што ќе прочитате и ќе се информирате повеќе за онлајн игрите и социјалните мрежи а потоа да започнете разговорот со детето. Во секое време може да прашате и пријател кој веќе има познавање и кој на кратко може да ви објасни сè.

Во секој случај, убаво е во ова денешно време на технологија да знаете што сè децата се во можност да прават и научат од интернетот.
Еве неколку мудри совети кои треба да ги примените при разговор со вашето дете.

Љубезност при обраќање

За да му се доближите на детето и да му покажете дека може  да сподели со вас сè, запомнете дека убавиот пристап помага за се.
Мали деца: Третирајте го вашето дете како што вие сакате да бидете третирани.
Прашајте го какво е однесувањето на другите деца на интернет. Што е она што му се допаѓа или не му се допаѓа кај нив?
Тинејџери или возрасни: Возрасните или тинејџерите знаат да бидат малку понапнати кога родителите се обидуваат да дознаат нешто повеќе. Но, и тоа е во ред. Прашајте го што мисли за повеќето другари и другари. Дали се претставуваат во вистинско светло на социјалните мрежи?

Задржување на приватноста

Започнете разговор на тема што е добро, а што не да споделуваат децата на интернет.
Мали деца: Наведете ги помалите да размислуваат за безбедноста при споделување на сите информации од приватниот живот, како адреса, број, име на училиште и сл. Објаснете им дека приватноста треба да се задржи по секоја цена.
Тинејџери или возрасни: Може да започнете прашувајќи ги што не е безбедно да се сподели на интернет. Запомнете, тинејџерите повеќе сакаат да кажат што знаат одошто тоа да им го каже нивниот родител. Оставете ги сами нека набројат, ќе чувствуваат задоволство што го земате нивното мислење и знаење во предвид.

Лажни профили и информации

Само затоа што некоја одредена информација или фотографија сте ја виделе онлајн не значи дека е вистинита.
Мали деца: Прашајте ги дали веруваат на сè на што ќе наидат на интернет или социјалните мрежи. Во поблага форма објаснете им дека постојат многу лажни профили и работи кои се прават токму на социјалните мрежи.
Тинејџери или возрасни: Ставете се во улога на дете и всушност барајте од нив да ви кажат како препознаваат кога некоја информација или профил е лажен. Како го утврдуваат тоа?

Споделување на информации

За сите информации кои сакате да ги споделите користете privacy settings.
Мали деца: Помогнете им на малите да разберат дека ова е битно подесување или прашајте ги кои може да ги гледа работите кои ги споделувате на социјалните мрежи.
Тинејџери или возрасни: Тинејџерите секогаш имаат замерка кога некои нивните пријатели или другарики споделуваат нешто невкусно. Искористете го ова и прашајте ги што е она што никогаш не би го споделиле онлајн. Прашајте ги дали некогаш  избришале нешто за кое сметале дека било грешка.

Пријавување на неправилности

Ако некој има отворено лажен профил во име на друг, или ако видите други неправилности пријавете ги.
Мали деца: Дајте им до знаење дека можат да ви се обратат за било каква помош. Прашајте ги што би направиле ако забележат дека некој се однесува непристојно ? Дали знаат дека може да се пријави таквото однесување.
Тинејџери или возрасни: Децата особено на оваа возраст се многу емотивни. Слободно отворете тема за тоа како се однесуваат луѓето онлајн и што нив им пречи. Дали досега се случило да пријават некого и кое однесување го сметаат за безобразно.

 

Денес со пристапот на интернет насекаде околку нас, не само што прави да сме зависни туку младите ги оттрга од детството. За нив целиот свет е на интернет. Кога веќе ова претставува факт разговарајте почесто на теми поврзани со соцоијалните мрежи со децата. Може да му дадете до знаење дека има потполна слобода да ги користи овие платформи, но дека постојат и позитивни и негативни страни при користење на истите. Честите разговори на оваа тема ќе направат тоа да се чувствува слободно и да го сподели секој проблем со вас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот