Заштедете и имајте почиста околина

0

Секој еден човек на планетата може да направи неколку ситници и да помогне во глобалното штедење на енергијата и ресурсите и заштитата на животната средина. Внимавајте на некои ситници за да имате енергетски ефикасен дом и притоа помогнете да имаме незагадена планета.

Најнапред, направете една мала работа за домот, а голема за планетата. Заменете ги обичните светилки  со штедливи. Иако цената изгледа повисока, штедливите светилки навистина трошат и до 75% помалку струја, и траат 10 пати подолго од обичните. Заменување на 17 обични со штедливи светилки е еквивалентно на отстранување на еден автомобил од употреба.

zelena-okolina (2)

Просечно домаќинство годишно произведува два пати повеќе јаглероден диоксид во споредба со просечен автомобил. Употребувајте апарати за домаќинство кои се обележани со „енергетска ѕвезда“. Таквите апарати штедат енергија и се подобри за околината, а најголемата разлика ќе ја почувствувате со сметката за струја.

Пластиката од која се прават најголем број пластични кеси не е биоразградлива и може да не надживее речиси за цел милениум. Следен пат кога  ќе одите до продавница, побарајте хартиена кеса или земете си платнена торба од дома.

Исклучете ги едноставните апарати по дома кои трошат многу повеќе енергија иако не работат.Не ги оставајте апаратите на стенд бај – телевизор, ДВД, тостер, кафемат, полнач за телефон…

Увозната храна патува илјадници километри пред да стигне на нашите пазари. Тоа патување на храната го загадува нашиот воздух. Можеме да ги намалиме вкупните емисии на јаглерод диоксид и други штетни гасови со купување на локално произведена храна. И плус, многу е посвежа.

Одбеијате чиста, обновлива енергија која може да се најде кај нас. Ветер, хидроенергија, соларна, геотермална, односно неисцрпливи, обновливи и зелени извори кон кои треба сите да целиме.

zelena-okolina (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот