Запознајте ја Жан Давсон, јогин и на 100 години

0

Стручните лица и списанија поврзани со здравјето насекаде во светот зборуваат дека јогата е за секого. И тоа е навистина така.

Уште еден доказ за тоа е Жан Давсон од Англија која овој месец наполни точно 100 години и се уште редовно оди на часеви по јога.
Тоа го прави секој понеделник!

Списанијата за неа пишуваа и пред 3 години кога се уште можеше да ја направи позицијата (асана)- стоење на раце или позната во јогата како Sirsasana.
Сега таа вели дека повеќе не ја практикуваа таа асана поради нејзиниот крвен притисок, но се уште секој понеделник е редовна на јога часот.

Госпоѓата Давсон вели дека додека била млада воопшто не се занималава со спорт се додека наполнила 67 години кога започнала со практикување на јога.

Имено Жан Давсон практикува Ајегар јога која се карактеризира со фокусирање и усогласување на телото со употреба на јога реквизити.

Таа вели дека јогата и помогнала за да се ослободи од болките во грбот, да ја подобри флексибилноста и издржливоста.

Гопоѓа Давсон вели дека со јогата се зголемува динамичноста и енергијата во телото без оглед на годините.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот