Запознајте ја блогерката која заработува милиони патувајќи по светот

0

Пред да го започне својот блог за патување во 2010-та година, Кристи Вудроу (36) работела како финансиски советник во нејзината сметководствена компанија во Сан Диего.
Денес, таа патува по светот, пишува и објавува слики на својот блог, а тоа и носи годишна заработка која изнесува милиони. Таа се одлучила на ваков чекор, после една 6-неделна посета на Југоисточна Азија, заедно со нејзиното момче Скот, после која заедно го отвораат блогот “Ordinary Traveler”.

 

Иако Кристи е потполно посветена на својот блог, Скот сепак одлучил да ја задржи својата работа во компанија за софтвер. Според Кристи, најубавиот дел од оваа работа е што има можност да патува и да ги посети сите дестинации за кои некогаш сонувала. Друга придобивка се многубројните денешни пријатели, кои ги запознала на овие патувања, како и можноста да ги доживее различните култури на сосема нов и поинаков начин.

patuvanje 3

Меѓутоа не е се така “розово“ како што можеби изгледа, вели Кристи. Постојат и недостатоци во оваа професија. Една од нив е и одржувањето блиски односи со пријателите и семејството. Да се патува цело време некаде значи и дека нема да бидете присутни на многу важни моменти во животот на вашите пријатели и семејството, како што се родендени, свадби, разни прослави. Друг проблем е тоа што нема никаква рутина. Цело време сте во движење, што значи дека е скоро невозможно да водите балансиран живот.

-“Да водите сопствен бизнис е како ролеркостер. Приходот е нестабилен, многу договори се случува да пропаднат, клиенти да не платат на време. Првите 3 години кога започнав блогот, заработував по 5 долари на час. Денес, сеуште работам прекувремено, но имав доволно среќа да заработам доволно за да си обезбедам удобен живот. Не велам дека овој начин на живот е совршен, но ако сте подготвени да работите прекувремено, да издржите и кога ќе има тешки моменти (а ќе ги има многу), да го жртвувате времето кое го поминувате со вашите пријатели и семејство, тогаш ова е правата професија за вас“, вели Криси.

patuvanje 4

Нејзиниот совет е да бидете трпеливи на почетокот, да не се фокусирате на финансискиот момент, да создадете првин публика па потоа и парите сами ќе дојдат. Но без разлика дали заработувате пари од тоа или не, на патувањата треба да гледате како на авантура.
“Верувам дека патувањето им помага на луѓето, да разберат дека сите сме исти. Тоа не учи да ги сакаме различните култури, и не учи дека светот сепак не е толку лош, колку што можеби ни се чини“, заклучува Криси.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот