Запознајте го Алекс Варгас – Моќен глас и интензивни емоции (ВИДЕО)

0

Музичар кој се уште не се прославил во нашиот регион, но полека постигнува светска слава. Александар Варгас Блеј е 30 годишен дански пејач, текстописец и продуцент – познат како Алекс Варгас.

Талентираниот Алекс Варгас е свеж на лондонската сцена, кој се повеќе освојува со своите песни и одлични преработки на веќе постоечки хитови.

Меѓу првите преработки се издвојува познатата песна ”More” од Ашер, која e одличен пример за тоа дека понекогаш преработката е подобра и од оригиналот.

Арета Френклин и Семјуел Кук му се омилени вокалисти, а на прашањето дали е фрустрирачки тоа што мора да пишува и пее на англиски јазик за да стекне меѓународно признание, тој вели дека воопшто не се ни сетил да пишува на дански јазик, бидејќи се образувал билингвално.

Со текстови кои допираат до душата и глас кој воодушевува, Алекс Варгас допира до се повеќе бројните фанови ширум светот.

Во прилог слушнете дел од неговите песни и преработки, па одличете дали ќе ја надополните сопствената плејлиста со некоја од овие изведби.

Уживајте!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар