Започна сезоната на зимски спортови, време е за скијање !

0

Скијањето има историја од скоро пет милениума. Иако модерното скијање еволуирало од почетоците во Скандинавија, се смета дека се практикувало повеќе од 100 века според толкувањето на старите слики во денешна Кина.

Зборот „ski“ доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“. Во почетоците, како помагала, скијачите користеле една долга штека или копје, а првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.

Попова Шапка 2017 / Snow Partol Lodge

Асиметричните скии биле користени во северна Финска и Шведска до крајот на 19 век. На едната нога, скијачот носел долга скија за лизгање која служела за поддршка на тежината на скијачот и била третирана со животински маснотии на сличен начин со модерното ски ваксање, а другата пократка скија која служела за удирање и обично била обложена со животинска кожа за да се олесни процесот на лизгање.
Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година

Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за транспорт, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.

Алпското скијање обично се одвива на писта за лизгање. Се карактеризира со целосно фиксирано стапало. Додека кај нордиските дисциплини се фиксирани само прстите на скијачките чизми, но не и петиците, исто така оваа дисциплина се одвива на отворени терени, низ шума по ридско – планински терени.

Кај нас на Попова Шапка, патеките се идеални за алпско и за нордиско скијање, исто така располага со скијачки патеки во должина од 35 км, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, со 9 скилифтови и 2 двоседишници. Скијачките патеки се погодни за повеќе ски-дисциплини, а посебно се привлечни за скијачи-рекреативци.

Доколку сте љубители на зимските спортови и рекреација, покрај зимска идила и свеж планинински воздух, Snow Patrol Lodge на Попова Шапка е одличен избор за вас!

Snow Patrol Lodge / Попова Шапка

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.