Започна Светската недела на доењето

0

Доењето во првите шест месеци на новороденчето, е многу значајно за неговиот правилен раст и развој.

Програмата за мајки и деца која секоја година ја објавува Министерството за здравство содржи активности во насока на едукација на патронажните сестри, здравствените работници од областа на доењето, со цел уште повеќе да се подигне нивното знаење за доењето и да ги мотивираат кога одат на терен, да ги едуцираат и охрабрат мајките да дојат.

Податоците од Минстерство за здравство покажуваат дека во минатото во Македонија 61% од мајките доеле, а денеска тоа е сведно на 20-21%.

Од друга страна пак, статистиката на УНИЦЕФ покажува дека 21 процент од бебињата до шестиот месец се хранат исклучиво со мајчино млеко, додека 50 насто добиваат додатоци во форма на кашички, вода и чајчиња.

Од 1 до 7 август трае светската недела на доењето на бебињата, недела која светот ја користи за зголемување на свеста кај мајките и предноста која ја имаат деца што се хранат со природно мајчино млеко.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар