Замислете што ќе се случи ако не се туширате два дена…

0

За повеќето од нас туширањето е дневна рутина, ама ако некогаш помислите да го прескокнете овој чин, пааа, размислете повторно.

Според текст објавен во TwentyTwoWords, на вашето тело му се случуваат страшни работи ако не се истуширате два дена. Прв проблем се бактериите. Човечкото тело е „дом“ на околу 1,000 вида бактерии, вклучувајќи и 40 типа габи. Иако повеќето од нив се добри за нас, сепак им треба помошта на сапунот и на водата за заедно да ги избркате од себе.

Експертите објаснуваат дека не можете да го спречите ширењето на лошите бактерии ако не се туширате. А тие лесно можат да најдат пат до вашите очи, устата, до носот, па да се разболите. Бактериите се причина и за непријатниот мирис на вашето тело. Всушност, тие се виновни за околу 30 различни непријатни мириси што ги шири вашето тело.

1476329548-landscape-1475844676-shower

Ако ова не ви е доволно за да го сфатите туширањето сериозно, тогаш еве уште една – туширањето ја хидрира кожата и ги отстранува маслата што се наталожуваат на неа, па туширањето е исклучително важно ако вежбате. Ако сепак морате да го прескокнете туширањето, не заборавајте да ја смените долната облека.

И уште нешто – ако обожавате долго туширање, сменете ја навиката. Предолгото туширање ќе ги отстрани сите природни масла од кожата, па таа ќе стане сува и груба на допир. Иако, никој нема да се жали дека мирисате неубаво.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.