Заменете ја чашата сок со чаша вода и ќе бидете поздрави

0

Безалкохолните благи напитоци создаваат зависност исто како и цигарите, алкохолот или психоактивните супстанци. Добро се чувствувате додека ги пиете, но долгорочната употреба може значително да му наштети на вашиот организам. Вашето здравје значително ќе се подобри доколку чашата со сок ја замените со чаша обична вода.

Секој орган во вашето тело ќе ви биде благодарен за оваа промена и одвикнувањето од овие штетни напитоци.

вода 4

Срце
Вашето срце ќе биде значително поздраво доколку се откажете од соковите и сличните напитоци. Според неколку истражувања, конзумирањето на вакви напитоци го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Луѓето кои конзумираат благи напитоци имаат 20% повеќе шанси да добијат срцев удар. Исто така соковите го зголемуваат и крвниот притисок, па доколку чашата со сок ја замените со чаша вода, значително ќе го намалите крвниот притисок и ќе го подобрите здравјето на вашето срце.

Мозок
Многумина конзумираат диетална кола или други безалкохолни напитоци со цел да ја прекинат поспаноста преку внесување на одредена количина кофеин и шеќер. Но на овој начин можете да се сконцентрирате само привремено, додека долгорочно, претерувањето со сокови може да има негативно влијание на функцијата на мозокот и на процесот на размислување.

вода 5

Заби
Безалкохолните благи сокови ги уништуваат забите, а ако ги исфрлите од употреба ќе имате поздрави заби и поубава насмевка. Според едно истражување, жените кои пиеле дневно приближно два литра сокови во период од три до пет години, имале сериозни оштетувања на забите, исти како и кај зависниците од метамфетамини и кокаин.

Бешика
Благите напитоци се дијаретици, кои ја зголемуваат потребата за мокрење. Исто така, тие ја иритираат бешиката и ги влошуваат инфекциите на овој орган, но и на целиот уринарен тракт. Користењето на чиста вода ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од токсините, и целосно да се прочисти.

Коски
Воздржувањето од користење на вакви сокови, ќе го подобри здравјето на вашите коски и ќе го намали ризикот од остеопороза. Исто така, ако одличите да ги исфрлите од употреба благите сокови, постои можност да почнете вашата жед да ја гасите со млечни или други напитоци кои содржат калциум, од кој вашите коски ќе имаат многу повеќе корист.

вода

Бубрези
И бубрезите ќе ви бидат многу поздрави доколку се откажете од ваквите напитоци. Истражувањата покажуваат дека користењето на овие напитоци ги оштетува вашите бубрези но и ги зголемува шансите за нивно целосно откажување. Ниту диеталните напитоци не се помалку штетни. Жените кои конзумираат големо количество на диетални сокови имаат намалена функција на црниот дроб.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот